Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради најавите за екстремно високи температури, екипи на Црвениот крст ќе патролираат низ Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради најавите за екстремно високи температури, екипи на Црвениот крст ќе патролираат низ Скопје
Агровести

Поради најавите за екстремно високи температури, екипи на Црвениот крст ќе патролираат низ Скопје

Објавено 20/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По најавите за екстремно високи температури кои ќе го зафатат градот Скопје и околината, 30 обучени волонтери со возила на Црвениот крст ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот – автобуски постојки, амбуланти, пазари… во текот на работните денови во периодот од 21 до 28 јули.

На овие локации, како што информираат од Црвениот крат на Град Скопје, преку директен контакт со населението, ќе дистрибуираат информативни материјали/флаери со совети за заштита од топлотен бран, совети за консумирање и приготвување храна и препораки за консумирање вода.

– Тимовите ќе делат шишиња вода, а по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок на граѓани кои ќе се пожалат на здравствени проблеми. Сите граѓани ќе добијат совети за начините за превенција од високите температури. Во интервентни случаи, доколу се забележи посериозен здравствен проблем, тимовите ќе врашат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови, велат од Црвениот крст на Град Скопје.

Оттаму информираат и дека во насока на грижата за здравствената и психофизичката состојба на бездомниците во градот Скопје, како една од најранливите категории граѓани, во пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток на располагање е мобилниот телефон 071/223-972 за дојави од граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.

Мобилните екипи, кои се достапни и кои функционираат при екстремно високите температури, се составени од доктор и парамедик, ќе им пружат помош и поддршка на бездомниците со дистрибуирање на вода, мерење на крвен притисок, а за потешките и интервентни случаи ќе биде обезбеден и транспорт.

Активностите на ова поле, велат од Црвениот крст, се поддржани од Град Скопје.

Во текот на летниот период, информативните флаери изработени од Црвен крст на РСМ со совети и препораки за заштита од топлотен бран како и флаери со совети за избегнување на несакани пожари и превенција од истите се дистрибуираат и преку припадниците на Граничната Полиција кои во текот на летниот период спроведуват превентивни активности /акција „Безбедно лето 2022“ со цел информирање на граѓаните и странци кои патуваат и транзитираат низ нашата држава.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:црвен крст
Претходен напис Видео приказна од прилепско Канатларци – Погледнете како неуморниот Али Керим на нивата со пиперки поставува систем за наводнување
Следен напис Од полноќ се намалуваат цените на бензините, цената на дизелот останува непроменета
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?