Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во очекување на најавениот повик за Мерка 3 од ИПАРД: 5 милиони евра неповратни средства за фотоволтаици, машини, нова технологија, механизација…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Во очекување на најавениот повик за Мерка 3 од ИПАРД: 5 милиони евра неповратни средства за фотоволтаици, машини, нова технологија, механизација…
Јавни огласи и повициФондови

Во очекување на најавениот повик за Мерка 3 од ИПАРД: 5 милиони евра неповратни средства за фотоволтаици, машини, нова технологија, механизација…

Објавено 16/07/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шуарство и водостопанство Љупчо Николовски најави нов ИПАРД повик за преработувачка индустрија во износ од 5 милиони евра кој се очекува да биде распишан наскоро.

Ова го потврди и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски кој објасни дека се работи за непотрошени средства од минатите повици што се планира да се стават на располагање преку брз јавен повик за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ.

Се планира овој јавен повик да биде наменет само за набавка на опрема, а градбата на објекти нема да биде прифатлива инвестија.

Во продолжение прочитајте нешто повеќе за условите и можнотите за аплицирање:

КОРИСНИЦИ

  • Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и
  • Задруги.

Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.

ПРИОРИТЕНИ СЕКТОРИ

  • Преработка на млеко и млечни производи;
  • Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
  • Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
  • Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
  • Растителни и животински масти и масла;
  • Шира, вино и оцет;
  • Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

СОПСТВЕНОСТ

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

  • Сопственост или
  • Договор за закуп

(најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето).

ПРИФАТЛЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:

  • Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
  • Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
  • Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;
  • Заштита на животната средина;
  • Производство на енергија од обновливи извори на енергија;
  • Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.
  • Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на живи животни;
  • Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Развој и воспостваување на инфраструктура, на имот кој е во сопственост на претпријатието, со цел задоволување на потребите на производната активност на претпријатието.

Идни инвестиции

Барателите може да поднесат повеќе проекти во рамките на оваа мерка во текот на спроведувањето на Програмата, под услов максималните вкупни прифатливи трошоци (до 4.500.000 €) да не бидат надминати и претходните проекти да бидат реализирани, (исплатени на корисникот).

НАПОМЕНА Градбата на објекти  нема да биде вклучена во овој повик бидејќи и по брза постапка  треба да се склучат договори со инвеститорите  и инвестицијата комплено да заврши до 31.05.2023

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

  • Висината на финансиската поддршката изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.Горната граница се зголемува за 10 процентни поени за:
    • Инвестиции во опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
    • Инвестиции во опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
    • Инвестиции во опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
    • Инвестиции за опрема за третман на вода/отпадна вода.

Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци по инвестициски проект – 10.000 €. Максималната вредност на вкупни прифатливи трошоци по еден корисник по мерка 3 изнесува до 4.500.000 € за целиот период на спроведувањето на Програмата.

Повеќе информации околу повикот и изготвување на апликации во Agrotim.mk, [email protected] или на телефон 071 225-345.

Информирајте се и бидете подготвени за повикот, искористете ги овие пари за модернизација на производството и зголемен профит!

Може да ви се допадне

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Таг:економијаеуЗемјоделствоинвестицииИпардмерка 3мзшвнајновопарифондови
Претходен напис Топлотниот бран во Европа предизвикува влошување на квалитетот на воздухот
Следен напис Фондот за иновации со 2 милиони евра ги помага новите бизнис идеи: На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?