Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сто милиони евра за енергетски ефикасни студентски домови и системи за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сто милиони евра за енергетски ефикасни студентски домови и системи за наводнување
Агровести

Сто милиони евра за енергетски ефикасни студентски домови и системи за наводнување

Објавено 19/12/2019
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договорите за заемите и грантовите со германската КФВ банка денеска ги потпишаа министрите за финансии, за образование и за земјоделство, Нина Ангеловска, Арбр Адеми и Трајан Димковски.

Со 100 милиони евра германска поддршка, земјава ќе рехабилитира четири системи за наводнување 14.000 хектари по сливот на реката Вардар, ќе изгради мали хидроцентрали на ХС „Лисиче” и ќе реновира седум студентски домови – во Скопје, Охрид, Штип, Прилеп и Битола, според стандардите за енергетска ефикасност.

Договорите за заемите и грантовите со германската КФВ банка денеска ги потпишаа министрите за финансии, за образование и за земјоделство, Нина Ангеловска, Арбр Адеми и Трајан Димковски.

Програмата за наводнување е проектирана на 110,7 милиони евра од кои 27,9 милиони се држвни пари, а 80 милиони се заем од КФВ, со рок на отплата 15 години и пет години грејс период. Дополнително, Банката доделува грант од 2,8 милиони евра. За проектот за енергетско рехабилитирање на студентските домови, пак, заемот изнесува 20 милиони евра, а грантот 4,7 милиони евра, исто така со 15 години рок на отплата и пет години грејс период. Каматните стапки се 0,52 отсто за студентските домови и 0,43 проценти за наводнувањето.

Од проектот за наводнување се очекува зголемено и конкурентно производство, додека од реконструкцијата на домовите која би требало да биде целосно заокружена во 2024 година, подобри услови за живот и учење на студентите.

Како што истакна министерката Ангеловска пред потпишувањето на договорите, двата проекта се поврзани со најзначајните пориоритети: климатските промени, енергијата од обновливи извори и инвестирањето во човечки капитал.

– Во услови на глобално затоплување, наводнувањето е клучот за повеќекратно зголемување на земјоделското производство и продуктивноста, рече Ангеловска.

Според министерот Димковски, со ваквото вложување, освен што значително ќе се зголеми растот во земјоделството, ќе се подобрат и стандардите, како и условите за работа на земјоделците. Воедно ќе се овозможи и задржување на младите во агро секторот. – Ова е само еден сегмент од нашата борба со климатските промени, истакна Димковски.

Осврнувајќи се на реконструирањето на студентските домови, министерот Адеми објасни дека станува збор за темелни енергетски ефикасни, структурални и мерки за подобрување на конфорот за живот и учење. Тоа, рече Адеми, опфаќа замена на внатрешни и надворешни прозорци и врати, на покривни конструкции, инсталации на фасадни и канализациско-дренажни системи во и околу објектите, замена на електрична инсталација, поставување нови системи за греење, обнова на санитарни јазли и кујни, како и обезбедување противпожарна заштита.

– Потврдуваме дека унапредувањето на студентскиот стандард и грижата младите да имаат подбра едукација и престој за време на студирањето е високопозициониран приоритет во нашата програма. Остануваме посветени на она што сме го ветиле и на она што значи следење на современите стандарди. По сеопфатна анализа на состојбите во студентските домови годинава и по разгледување на можните опции, дојдовме до конкретно решение кое почнува да се имплементира од 2020 година, а согласно плановите и проекциите, треба целосно да биде заокружено во 2024 година, подвлече Адеми.

Директорот на Секторот за енергија и транспорт на КфВ за Југоисточна Европа и Турција, Пабло Обрадор порача дека иднината на секоја земја зависи од успешното образование кое не го чинат само професорите и наставната програма, туку и условите во кои може да живеат и учат студентите.

– Договорот за енерегетски ефикасни домови отвора нов прозорец и можности, а Програмата за наводнување ќе покаже резултати и ќе има значително влијание врз економијата во регионот каде што ќе се спроведе, рече Обрадор.

За заменик – амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, земјоделството во Северна Македонија има многу значајна улога.

– Оваа програма за наводнување ќе овозможи поефикасно производство и конкурентност, а од друга страна ќе значи одржливост. Сега сме во фаза кога и тоа треба да се подготви за ЕУ. Германија целосно ја поддржува аспирацијата на Македонија поради што ни претставува задоволство да придонесеме во подготовката на македонскиот агро сектор како еден од најважните, за влез во ЕУ, нагласи Граф.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:Грантови од германската КФВ банкаенергетска ефикасностСто милоини евра за енергетска ефикасностстуденски домови
Претходен напис Предлог на Европската Комисија: Пчеларите да добијат 180 милиони евра за период од три години
Следен напис Исплатени 137,3 милиони денари на овоштарите кои јаболките од реколтата 2018 ги предале кај регистриран откупувач
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?