Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Нови 97 милиони евра неповратна помош, над 60% поголема ЕУ поддршка – Вкупно 210 милиони евра нови инвестиции преку ИПАРД програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Нови 97 милиони евра неповратна помош, над 60% поголема ЕУ поддршка – Вкупно 210 милиони евра нови инвестиции преку ИПАРД програмата
АгровестиФондови

МЗШВ: Нови 97 милиони евра неповратна помош, над 60% поголема ЕУ поддршка – Вкупно 210 милиони евра нови инвестиции преку ИПАРД програмата

Објавено 13/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

97 милиони евра неповратни средства издвојува Европската Унија преку ИПАРД 3 програмата. Тоа претставува зголемување за 62% споредено со ИПАРД 2 кога земјава доби на располагање 60 милиони евра. Ова е своевидно признание за Република Северна Македонија и земјоделските политики кои ги води Владата, особено земајќи ја предвид статистиката која бележи огромна, односно 97% искористеност на средствата од ИПАРД програмата со што стануваме земја-лидер во целиот регион.

„Вкупниот инвестициски циклус во македонското земјоделство само со ИПАРД 3 програмата изнесува високи 210 милиони евра. Покрај овие 97 милиони евра неповратни средства од ЕУ, тука влегува и кофинансирањето од страна на МЗШВ во висина од дополнителни 31 милион евра, како и 82 милиони евра инвестициски средства од страна на домашните корисници на оваа програма“, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Поддршката која како земја ја добиваме од Европската Унија (ЕУ) е значајна за развојот на македонското земјоделство, а успешната реализација на европските земјоделски програми уште еднаш ја потврдува посветеноста и решителноста на МЗШВ и Владата во процесот на интеграција и полноправното членство во Унијата.

Набавка на нова опрема, изградба или проширување на производствените капацитети, поддршка за туризмот и руралниот развој се само дел од проектите кои се поддржуваат во рамки на ИПАРД програмата. Покрај развојот и модернизирањето на македонското земјоделство, поддршката која се добива од ИПАРД влијае во подобрувањето на економијата на државата и намалување на невработеноста преку отворање на нови работни места.

Може да ви се допадне

Водата во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба – граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните
Водата во Валандово да се користи само како техничка вода, поради присуство на арсен
Трет ден продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто
Хоџа на терен по невремето: Стоиме зад земјоделците и внимателно ќе ги следиме последиците од невремето
Просечната нето плата во мај 49.544 денари
Таг:еуземјоделцимзшвсубвенции
Претходен напис МЗШВ: Започнува со изградба системот за наводнување Пишица – Вложуваме во нови системи за поголемо и поквалитетно домашно земјоделско производство
Следен напис Времето денеска сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?