Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Започнува со изградба системот за наводнување Пишица – Вложуваме во нови системи за поголемо и поквалитетно домашно земјоделско производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > МЗШВ: Започнува со изградба системот за наводнување Пишица – Вложуваме во нови системи за поголемо и поквалитетно домашно земјоделско производство
Шумарство и водостопанство

МЗШВ: Започнува со изградба системот за наводнување Пишица – Вложуваме во нови системи за поголемо и поквалитетно домашно земјоделско производство

Објавено 13/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со финансиска поддршка од Европска Унија преку ИПА програмата започнува реализацијата на проектот за изградба на системот за водоснабдување во село Пишица, општина Пробиштип.

Овој е втор систем за наводнување проектиран во рамки на проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување, откако веќе започна со изградба системот Конопница, а следува системот за наводнување во Теарце. Вредноста на оваа инвестција за изградба на овие три капитални проекти изнесува 2,3 милиони евра, средства на Европската Унија преку ИПА фондовите.

Системот за наводнување Пишица ќе наводнува земјоделска површина од 30 хектари, опфаќајќи за наводнување 107 парцели со различни земјоделски култури, од кои бенефит ќе имаат околу 70 земјоделци.

Покрај овие три системи со средства од ИПА фондовите на Европската Унија во вредност од 2,5 милиони евра, се работат и на системот Славишко Поле, чија изградба е во финална фаза, а интензивно се работи и системот Чаушица. Дополнително преку ИПА фондовите на ЕУ обезбедени се 3,5 милиони евра за изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци.

Како никогаш до сега Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вложува во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување.

“Активно се работи на довршување на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари, која се реалиизира со буџетски средства на Владата. Ова е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години со кој овозможуваме наводнување за повеќе од 4000 хекатри земјоделско земјиште во гевгелиско поле. Уште еден голем проект на кој работиме е проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар со кој овозможуваме наводнување за 5.300 хектари земјоделско земјиште“ се вели во соопштението на МЗШВ.

Инвестициите кои МЗШВ и Владата ги реалзираат во делот на водоснабдувањето имаат за цел да овозможуваме достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување, помали трошоци за работа и поголема конкурентност, но најважно да овозможуваме поголем принос и поголем квалитет на земјоделските култури.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:пишица
Претходен напис Првите бродови за извоз на земјоделски производи пристигнаа во украинските пристаништа
Следен напис МЗШВ: Нови 97 милиони евра неповратна помош, над 60% поголема ЕУ поддршка – Вкупно 210 милиони евра нови инвестиции преку ИПАРД програмата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?