Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еко-свест: Напредок во напорите за подобра заштита на НП Маврово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Еко-свест: Напредок во напорите за подобра заштита на НП Маврово
Шумарство и водостопанство

Еко-свест: Напредок во напорите за подобра заштита на НП Маврово

Објавено 13/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за животна средина и просторно планирање, јавната установа Национален парк „Маврово“ и граѓанските организации што работат на заштита на природата, на работен состанок, се согласија дека е потребно итно репрогласување на Националниот парк „Маврово“.

Во обид повторно да се заживее процесот за репрогласување на Националниот парк „Маврово“ и да се овозможи максимална заштита на овој простор од европско значење за биодиверзитетот, Еко-свест иницираше координативен работен состанок на кој присуствуваа Министерот за животна средина и просторно планирање г. Насер Нуредини, претставници од секторот за природа при министерството, директорот на Националниот парк „Маврово“ г. Самир Ајдини и раководителот на одделението за заштита на природата во установата, и претставници од граѓанскиот сектор.

На состанокот сите страни се согласија дека на НП „Маврово“ му е потребна итна и сеопфатна заштита која што ќе се обезбеди со обновување на студијата за валоризација од 2012 година и конечно носење на законот за репрогласување на паркот. На овој начин ќе се овозможи изработка на план за управување по највисоки меѓународни стандарди, што пак ќе отвори можности за нови и одржливи начини на финансирање на работата на паркот.

Меѓу работите што беа дискутирани на состанокот беше и важноста за рано вклучување на локалното население во постапката, идентификување на можности за економски развој на регионот согласно начелата за заштита на природата, и задржување на традиционалните активности како главни двигатели на локалниот развој.

„Развивањето на традиционалното сточарство и други економски гранки како што е собирање на шумски плодови, лековити билки и планински чаеви, но во насока на модерен еко-туризам, ќе ги задржи природните карактеристики што се заштитени, но и ќе обезбеди одржливо финансирање за јавната установа што управува со паркот“ – изјави Симона Трајковска од Еко-свест.

Како потенцијален проблем се нагласи важноста да се спречи понатамошна деградација на природните вредности на паркот до неговото репрогласување. Во таа насока, на Министерот му беше врачено Барање за привремена заштита на Маврово потпишано од 28 граѓански организации и иницијативи, а поддржано од 21 пратеник во Собранието на Р.С.М., членови на Зелената група.

„Барањето го поднесовме поради очигледната потреба од обезбедување на доследна заштита на паркот се до негово формално ре-прогласување, а како би се спречило продолжувањето на разни деградирачки активности (мали хидроцентрали, зголемена урбанизација; и сл.). Не радува фактот што Министерот се согласи дека е потребен формален механизам за спречување на ваквите негативни активности во овој период кога се преземаат првите чекори кон ре-прогласувањето па се до завршувањето на овој процес. Претставниците на ЈУНП Маврово ја искажаа својата поддршка и истовремено ја истакнаа потребата од воспоставување на ваков механизам со кој би се спречиле дел од проблемите со кои се соочуваат“ – изјави Ања Јованова од Фронт 21/42.

Работниот состанок е дел од кампањата „Да го спасиме синото срце на Европа“ финансирана од фондацијата Еуронатур од Германија а имплементирана од Еко-свест и Фронт 21/42.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Најмногу дожд во Маврово – 48 литри на квадрат
Меморандум за соработка во пресрет на Светското првенство во риболов на крап во Маврово
Од 1 февруари почнува сезоната за спортски риболов на водите во НП „Маврово“
Слоу Фуд Македонија, дел од настанот „Жетва на промени“ во Маврово
Таг:Маврово
Претходен напис ТИРЗ: До крајот на годината инвестиции „тешки“ над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5.000 работни места
Следен напис Дали BASF ќе го затвори погонот во Германија?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?