Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Направете си масло и оцет од лаванда и внесете свежина во домот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Направете си масло и оцет од лаванда и внесете свежина во домот
Магазин

Направете си масло и оцет од лаванда и внесете свежина во домот

Објавено 12/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мирисната медитеранска грмушка, која изобилува со виолетови цветови, е незаменлива глетка во многу дворови и тераси. Лавандата има скромни барања и напредува на сончеви локации. Не треба да се сади во засенчени и влажни места.
Исклучително е декоративна, а цвета долг период, два пати годишно. Првиот пат на почетокот на летото, а вториот пат на есен. Мирисот на нејзините цветови е интензивен и убав, а го сакаат и опрашувачите. Покрај декоративната улога, се користи и како растителен репелент за разни инсекти, во козметичката индустрија, народната медицина и гастрономијата.

Лавандата може да се одгледува во саксии, жардиниери и на отворено, во градини или подигнати леи. При одгледување во контејнери треба да се внимава на сушењето на почвата поради високите температури. Наводнување треба да се врши кога почвата е сува. Овој растителен вид не сака премногу влага. Ако не го полеваме, нема да цвета обилно.

Треба да бидете внимателни со примената на азотни ѓубрива, а во текот на летото најдобро е да се потхранува со оние кои се богати со калиум.
За грмушката да го задржи сферичниот изглед се препорачува резидба после цветањето. Почетокот на цветањето зависи од температурните услови. Колку е потопло, лавандата порано процветува.

Летното кастрење на цветните гранки го поттикнува развојот на нови израстоци, кои лесно ќе ги препознаете по специфичната боја која се разликува од стариот дел на грмушката на растението.

Цветовите од лаванда се многу ценети. Од нив се подготвува оцет, масло, разни колачи, салати, креми, мелеми и други производи.

Оцет од лаванда

Овој оцет има различни намени. Исклучително е добар како тоник за чистење на лицето наутро и навечер. Претставува природен дезодоранс, а може да се користи и за плакнење на косата, со што ќе се задржи благиот мирис на лаванда.
Својата примена ја наоѓа во одржување на хигиената во куќите и становите. Се користи за чистење мебел или миење подови. Се додава во водата за перење. Избришаните површини го губат мирисот на прашина, а мирисот на лаванда преовладува. Се користи при миење прозорци, за отстранување на маснотии во кујната, миење украси, садови. Чашите стануваат посветли. Во гастрономијата е незаменлив за подготовка на салати.

Потребни ви се 100 цветови од лаванда кои сте ги набрале и сте ги оставиле еден час за да излезат бубачките од нив. Во теглата истурете 1 литар бел вински оцет и натопете ги сувите цветови. Теглата херметички се затвора и се остава на темно место следните три недели. После тоа, процедете ја и добро притиснете ги цветовите. Да се ​​чува во затворено шише на темно место. Добро е повремено да се протресува шишето.

Масло од лаванда

Ќе ви требаат 150 гр свежи цветови од лаванда натопени во 0,5 л маслиново масло. Наместо маслиново масло може да се користи обично сончогледово масло. Стаклената тегла што ќе ја наполните добро затворете ја за да не пропушта воздух. Се чува на сонце еден месец. Неопходно е да се протресува секој ден.
После тоа, маслото се филтрира и се чува во темни, добро затворени шишиња на темно место. Ова масло е исклучително ефикасно за каснувања од комарци, за масажа за смирување и за нега на проблематична кожа.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:лаванда
Претходен напис Царство на боровинки во 3200 саксии – Семејството Тошиќ очекува принос поголем од пет килограми по саксија
Следен напис Затворање на матицата во кафез – Алтернативен метод за контрола на Varroa destructor
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?