Бил Гејтс, најголемиот сопственик на земјоделско земјиште во САД, не мирува. Агрархеуте наведува дека додека тој купува уште една фарма, револтираните луѓе се прашуваат дали ова е уште едно прекршување на законот.
Станува збор за 2.100 хектари земјоделско земјиште во Северна Дакота што го купила компанија поврзана со контроверзниот милијардер. По масовните поплаки од жителите, реагирал државниот обвинител.
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Северна Дакота испратиле писмо до Red River Trust во кое го информираат управителот Питер Хедли за правилото од ерата на Големата депресија што им забранува на одредени корпорации и трустови да купуваат фарми и добиток во државата.
„Нашата канцеларија треба да потврди како вашата компанија ја користи оваа земја и дали тоа користење исполнува некој од законските исклучоци“, напишал во писмото државниот обвинител на Северна Дакота, Дру Вригли, пренесува newsweek.com.
Купеното земјиште се наоѓа на околу 50 милји (околу 80 километри) од канадската граница, а сопственик била компанија за одгледување компири.
„Реакцијата на јавноста на веста за купувањето земјиште беше главно негативна“, вели Даг Геринг, комесар за земјоделство на Северна Дакота. Тој изјави дека добил многу повратни информации ширум државата и дека луѓето се многу вознемирени поради овој случај.
