Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски на Г7: Светот во потрага по решение за глобалниот недостаток на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски на Г7: Светот во потрага по решение за глобалниот недостаток на храна
Агровести

Николовски на Г7: Светот во потрага по решение за глобалниот недостаток на храна

Објавено 24/06/2022
Сподели
6 мин. за читање
Ljupcho Nikolovski, Landwirtschaftsminister von Nordmazedonien, aufgenommen im Rahmen der Konferenz fuer globale Ernaehrungssicherheit im Auswaertigen Amt in Berlin, 24.06.2022. Die Konferenz wird ausgetragen vom Auswaertigen Amt, Bundesministerium fuer wirtschaftliche Zusammenarbeit und Entwicklung sowie Bundesministerium fuer Ernaehrung und Landwirtschaft und behandelt die globale Ernaehrungskrise durch den Krieg in der Ukraine.
Сподели
Ad imageAd image

На иницијатива на германската Влада во соработка со земјите членки на G7 (Група 7), во која членуваат седум држави со најнапредни економии, денеска во Берлин се одржа министерска конференција на која учествуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

На конференцијата која беше со статус на top level, присуствуваа државниот секретар на САД, Антони Блинкен, министри  на земјите членки на групата Г 7, претставници на Групата на шампиони на Обединетите Нации (GCRG), еврокомесарот за кризен менаџмент, Јанез Ленерчиќ, еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, претседателот на Светска Банка, Дејвид Мелпас, министрите за земјоделство и економија од многу европски и азиски држави, како и лидери на истакнати меѓународни организации од јавниот и невладиниот сектор од областа на земјоделството и економијата.

Министерската конференција се одржа под мотото „Uniting for Global food security“ и имаше за цел  преку отвoрена дискусија и размена на искуства да се стигне до заедничко глобално решение како да се обезбеди храна за сите, во услови на воена криза која се случува на европско тло и која директно ја загрози трговска размена и системите на снабдување со храна и енергенси во целиот свет.

Министерот Николовски во своето обраќање пред присутните даде свое видување на глобалната криза, предизвикана од воениот конфликт кој ја афектираше македонската економија, земјоделското производство, трговската размена и снабдувањето со храна.

„Земјоделството се соочува со застрашувачки предизвик за производство на повеќе храна за да се задоволат потребите за исхрана на растечката светска популација, а во исто време се справува и со климатските промени и постојаното заострување на ограничувањата на природните ресурси. Овој предизвик е уште покомплексен со фактот дека доколку безбедната храна не е достапна, несигурноста и неухранетоста ќе продолжат. Дополнително, доколку земјоделците и земјоделските работници не остварат пристојни приходи, сиромаштијата ќе расте, а земјоделството ќе пропадне. Можеме да ја забрзаме транзицијата кон поодржливи системи за храна преку раст на земјоделската продуктивност што ја оптимизира одржливоста на земјоделството низ социјалните, економските и еколошките димензии. Северна Македонија активно учествува во спроведувањето на политиките за трансформација на глобалните прехранбени системи за да се постигнат целите за одржлив развој поставени од земјите членки на Обединетите нации“ изјави Николовски.

Министерската конференција опфати размена на позитивни резултати од превземени мерки за справување со кризата, а Северна Македонија имаше позитивно искуство како единствена земја во регионот која воведе Интервентен фонд за поддршка на земјоделскиот сектор со што овозможивме субвенционирана набавка на вештачко ѓубриво за пролетна и есенска прихрана на стратешките култури (пченица, јачмен, пченка и сончоглед), поддршка на секторот сточарство и млекопроизводство, како и поддршка за главните извозни производи (зеленчук, овошје и вино). Резултатите од формирањето на Интервентниот фонд, нешто што се направи за прв пат во нашата земја но и во регионот, беа одлично прифатени од земјоделците.

„На национално ниво, ние сме фокусирани на зајакнување на локалните системи за храна. Повеќето индивидуални земјоделски стопанства имаат мал капацитет, а на секоја нова генерација земјоделци се пренесува љубовта кон наследената почва и желбата да се продолжи семејната традиција на земјоделско производство. Овие земјоделци им пркосат на сите предизвици, но сепак климатските промени и економската криза сериозно ги загрозуваат. Затоа, министерството секогаш креира мерки со фокус на малите земјоделци, младите земјоделци и руралните жени“ рече Николовски.

Во своето обраќање министерот Николовски потенцираше дека Северна Македонија активно учествува во глобалните земјоделски политики за поддршка на интегрираниот развој на заедницата, како и развојот на пазарите, искористувањето на целокупното слободно земјоделско земјиште и негово ставање во функција на одржливо земјоделско производство, што е важно за производство на повеќе храна за населението. Министерот потенцираше дека многу е важно да се зајакнат капацитетите за адаптација и ублажување на климатските промени и да се создаде одржлив раст на продуктивноста во земјоделството користејќи го моделот на климатско паметно земјоделство и агроекологија.

„Сите заедно градиме глобални политики за одржлив развој и само обединети можеме да ги спроведеме локално. Глобалниот политички и економски развој нè наведе да сфатиме дека земјоделското производство е од суштинско значење за обезбедување храна за светската популација. Воените конфликти секогаш предизвикуваат економски кризи и социјална ранливост, бидејќи сме сведоци на вистинската војна во Украина“ рече Николовски.

Во завршните зборови од своето обраќање, министерот Николовски јасно го искажа ставот на нашата земја во однос на воената и економска криза: „ Еминентно е што сите присутни остануваме на страната на мирот и почитувањето на територијалниот интегритет на секоја земја и најостро ја осудуваме секоја агресија врз друга земја не само на европско тло, туку и каде било во светот. Стоиме во првите редови во одбраната на слободата и почитувањето на човековите права и не смееме да заборавиме дека едно од суштинските човекови права е пристапот до здрава и безбедна храна за сите. Затоа ќе продолжиме заедно со сите демократски земји да го браниме и обезбедуваме ова основно човеково право денес и во иднина“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Г7Николовскихрана
Претходен напис Голема материјална штета од невремето во Виничко
Следен напис Директорот Бабовски, учесник на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?