Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пораст на откупните цени на градинарските култури во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пораст на откупните цени на градинарските култури во Струмичко
Агровести

Пораст на откупните цени на градинарските култури во Струмичко

Објавено 21/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупните цени на градинарските култури во Струмичко денеска бележат раст. Доматите се откупуваат од 25 до 40 денари за килограм, пиперките од 40 до 50 денари, краставиците од 10 до 30, а лутите пиперки за 20 денари за килограм.

Градинарите од Струмичко се задоволни од откупните цени и велат дека во споредба со изминатите неколку недели, кога цените беа ниски, денешните се добри за нив. Додаваат дека доколку се задржат на тоа ниво во наредниот период тогаш ќе се исплатливи за производителите.

-Во овој период завршува бербата од првите реколти, но почнува и новата така што со пласманот на производството од новата реколта се надеваме дека ќе ги покриеме производствените трошоци, но и да заработиме, изјави Драги Памуков, земјоделец од село Куклиш.

Според Ристо Велков од Сојуз на синдикати на земјоделски производители Струмица добро е што овој период има зголемена побарувачка за градинарското производство.

-Од денешните откупни цени сме задоволни и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и понатаму. Со овие цени ќе успееме да ги покриеме производствените трошоци, кои се многу поголеми во споредба со лани заради енергетската криза, рече Велков.

Градинарските култури од Струмичко се извезуваат во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и други земји од ЕУ, а покрај странците големи количини треба да откупат и домашните преработувачки капацитети.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:откупните цениструмичко
Претходен напис Наредните денови во Град Скопје ќе се прска против комарци
Следен напис Бектеши: Нов Закон за заштита на потрошувачите – со глоби до 10.000 евра и забрана за вршење на дејност до две години ќе се санкцинираат трговците кои работат со нечесни трговски практики
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?