Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Касами во обиколка на Попова Шапка: Се гради нов пат и најава за детален урбанистички план
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Касами во обиколка на Попова Шапка: Се гради нов пат и најава за детален урбанистички план
АгровестиРурален Развој

Касами во обиколка на Попова Шапка: Се гради нов пат и најава за детален урбанистички план

Објавено 18/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако е викенд, денеска заедно со раководителите на Секторот за урбанизам, Секторот за комунални дејности, Општинскиот инспекторат, како и проектанти, инженери и геодети бевме на Попова Шапка, поконкретно во делот каде што се сместени викенд куќите. Одблиску го видовме местото каде што е планирано да се отвори нов пат почнувајќи од влезот на Попова Шапка со што би се создал кружен тек и можност да има еднонасочен сообраќај за влез и излез не само во викендичките, туку и слободно движење до туристичкиот дел без пречки и во текот на зимата.

Патот покрај викенд куќите ќе биде по сите потребни стандарди и ќе ги исполнува условите за сообраќај на автобуси за странските туристи.

Исто така, во процедура е и деталниот урбанистички план каде што ние како општина максимално ќе се заложиме овој план што поскоро да им биде достапен на заинтересираните граѓани.

Заедно со општинскиот инспекторат извршивме увид и во новоградбите, и вреди да се нагласи дека за разлика од минатите години, годинава притисокот за градење дивоградби и обидот за узурпација на јавен имот е значително намален и лично им се заблагодарувам на граѓаните за нивната учтивост и разбирање.

Апелираме и до сите кои се заинтересирани за изградба на нови објекти да имаат трпение додека не се изготви деталниот урбанистички план и секој ќе може да изгради објект или викенд куќа согласно закон и правила, исполнувајќи ги сите стандарди.

Фејсбук статус на Билал Касами, градоначалник на Општина Тетово

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Набавката на опрема за производство на енергија од обновливи извори(инсталирање на фотонапонски панели) – прифатлива инвестиција во Мерка 3 од ИПАРД програмата!
Следен напис Дали ако си земјоделец мора да си сиромашен или од земјоделството може добро да се заработи? Одговор даваат врвни производители – Митат, Боне, Антонио и Бајро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?