Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов успех на винарија „Венец”: Златен медал за „Cuvee 56“, бронзен за „Темјаника Кориjа”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Нов успех на винарија „Венец”: Златен медал за „Cuvee 56“, бронзен за „Темјаника Кориjа”
Агровест

Нов успех на винарија „Венец”: Златен медал за „Cuvee 56“, бронзен за „Темјаника Кориjа”

Објавено 14/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винаријата „Венец” е добитник на златен и на бронзен медал на најголемиот и највлијателен светски вински натпревар Decanter World Wine Awards на кој се оценуваа 18.244 вина од 54 земји. Виното „ Cuvee 56 ” берба 2018 година освои златен медал, а виното „Темјаника Кориjа” берба 2021 година е закитено со бронзен метал.

Винаријата „Венец”, како истакнат член на Сојузот на стопански комори е вистински промотор на македонското вино кое според својот квалитет е на исто рамниште со големите светски производители што се докажува со одличниот пласман потврден во селекција правена од 250 меѓународни вински експерти, вклучувајќи 41 мајстор на виното и 13 мајстори сомелиери.

Виното „Cuvee 56″ е направено во чест на годината на формирање на Венец АД во далечната 1956 година. Toa e суво вино добиено со блендирање на сортите вранец (55%), каберне совињон (25%) и мерло (20%) од сопствените насади на винаријата. Се одликува со длабока темно црвена боја. Моќно, но пред се’ елегантно вино, кое изобилува во ароми на зрели црни и црвени капини, модри сливи и цреши и дополнителни ноти на темно чоколадо, листови тутун и сладок корен кои му даваат дополнителна комплексност.

Виното „Темјаника Корија” потекнува од истоимениот микролокалитет Корија кој се наоѓа во атарот на селото Долни Дисан на 400 м.н.в. Лозовиот насад е стар повеќе од 17 години и го изразува уникатниот карактер на самиот тероар во Дисанијата за сортата Темјаника. Се одликува со светло-жолта боја, арома на свеж босилек и бозел и го прави вкусно и возбудливо за пиење .

Винаријата „Венец” произведува вино од 1956 година и користи различни рачно изработени, рафинирани техники и со тоа создава традиција повеќе од 50 години за подготовка на вина, а во процесот на обработка посветува особено внимание. Вината на „Венец” предизвикуваат пријатно искуство и ги оживуваат сетилата со подобрување на аромите и текстурите, притоа откривајќи го уникатното грозје. Компанијата минатата година доби признание за „Македонски квалитет”, кое го доделува Сојузот на стопански комори и Претседателот на РСМ.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:винарија венец
Претходен напис Месната индустрија бара да продолжи ослободувањето од царина на свинското месо за преработка
Следен напис Во Украина почна жетвата, дали украинските земјоделци ги чека логистички колапс?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?