Советникот во Општина Росоман, Павле Димов зборуваше за проблемите со патната инфраструктура на релација Росоман – Сирково и обратно.

„Ние имавме две барања. Првото ни беше приклучок на брзиот пат Градско-Прилеп и второто барање ни беше овој пат што води од Росоман до Сирково комплетно да се преасфалтира бидејќи ние го дадовме во комплетно нова состојба. Не знам што се случи. Првично договоривме, после тоа се откажа тој договор, наводно поради безбедносни причини бидејќи од една до друга клучка имало 3 километри и не се правеле на толку блиско растојание.“, рече меѓу другото Димов.

Остатокот од неговата изјава можете да го погледнете во видеото на РТК.
