Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОЕЦД: Војната во Украина најмногу ќе ги погоди економиите во Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОЕЦД: Војната во Украина најмногу ќе ги погоди економиите во Европа
Агровести

ОЕЦД: Војната во Украина најмногу ќе ги погоди економиите во Европа

Објавено 09/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светската економија годинава нагло ќе забави поради војната во Украина, која ја намали куповната моќ на граѓаните, а Европа ќе претрпи најтешки последици, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Светската економија годинава ќе порасне за три отсто, проценува ОЕЦД, намалувајќи ја својата декемвриска прогноза за 1,5 процентни поени.

Во 2023 година растот би требало малку да забави, на 2,75 отсто, пресмета организацијата во последниот извештај.

Најтешко ќе бидат погодени европските економии, бидејќи тие се најмногу изложени на војната преку увоз на енергија и прием на бегалци.

Економијата на еврозоната годинава ќе порасне за 2,6 отсто, половина помалку од 2021 година, проценува ОЕЦД, а следната година активноста ќе забави на само 1,6 отсто.

Се очекува инфлацијата да достигне седум проценти оваа година и да забави до 4,6 проценти во 2023 година.

Германската економија ќе порасне за 1,9 отсто оваа година и 1,7 отсто во 2023 година, бидејќи закрепнувањето од корона-кризата ќе биде попречено од војната во Украина и ембаргото на руската нафта.

Се предвидува дека во Франција годинава ќе има раст за 2,4 отсто, што би требало да забави на 1,4 отсто во 2023 година.

Поради војната, италијанскиот БДП ќе порасне за само 2,5 отсто оваа година, по скокот од 6,6 отсто во 2021 година. Ќе забави на 1,2 отсто следната година.

Се очекува Шпанија оваа година да забележи стапка на раст од 2,2 отсто поради зголемената неизвесност, високата инфлација и послабата надворешна побарувачка.

Британскиот БДП ќе порасне за 3,6 отсто оваа година и ќе стагнира во 2023 година, покажуваат пресметките на ОЕЦД.

Економијата на САД ќе порасне за 2,5 отсто оваа година, по растот од 5,7 отсто во 2021 година, бидејќи проблемите со снабдувањето, повисоките цени на нафтата и побрзото темпо на нормализирање на монетарната политика ќе ги забават активностите повеќе од очекуваното, соопшти ОЕЦД.

Во 2023 година се проценува дека растот ќе забави на 1,2 отсто.

Јапонија го запре бранот на инфекција со варијантата омикрон на коронавирусот, така што се очекува економијата да порасне за 1,7 проценти оваа година и 1,8 проценти во 2023 година.

Поради пандемските ограничувања, кинеската економија нагло забави и ќе порасне за само 4,4 проценти оваа година, а потоа ќе забрза во 2023 година, со проектирана стапка на раст од 4,9 проценти, проценува ОЕЦД.

Војната во Украина негативно влијае и на индиската економија, со оглед на нејзината зависност од увоз на енергија. Така, растот на индискиот БДП во фискалната 2022 година би требало да забави на 6,9 отсто, и на 6,2 отсто во 2023 година.

Во исто време, руската инвазија врз Украина ги намали надежите дека високата инфлација поттикната од прекините на снабдувањето во пандемијата на Ковид 19 ширум светот наскоро би можела да ослабне.

Со оглед на тоа што Русија и Украина се водечки снабдувачи со многу суровини, нивните цени нагло се зголемија поради војната.

Доколку нешто не се преземе, постои голема опасност и од криза во снабдувањето со храна, предупреди ОЕЦД.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВојнатаевропаОЕЦДУкраина
Претходен напис „Гео Инновус“ одржа две едукативни и информативни трибини во Велес и Битола на тема: „TRIMBLE СИСТЕМИ ЗА ПРЕЦИЗНО ПОЛЈОДЕЛСТВО“
Следен напис АФПЗРР објави Јавен повик за користење на финансиска поддршка за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, наменет за единиците на локалната самоуправа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?