Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Брашното, струјата и гасот, се приоритетни прашања што се решаваат на „Отворен Балкан“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Брашното, струјата и гасот, се приоритетни прашања што се решаваат на „Отворен Балкан“
Агровести

Брашното, струјата и гасот, се приоритетни прашања што се решаваат на „Отворен Балкан“

Објавено 09/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Охрид, каде што учествува на Самитот „Отворен Балкан“ изјави дека тоа е одлична иницијатива која е во интерес на граѓаните и оти таа не е замена за ЕУ.

Тој посочи и дека е најгласниот поборник ЕУ да ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија, да се залага за тоа насекаде и оти не само што нема проблем со тоа, туку напротив, смета дека тоа е страшно важно за Скопје, Тирана и за граѓаните на тие две земји.

-Но, ние не велиме дека тоа што го правиме ќе донесе повеќе придобивки, но сигурно ќе донесе придобивки за сите. Тоа не е замена за ЕУ, ниту пак е некое друго кафе…тоа е посебна иницијатива која овде носи соработка меѓу народите и државите, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Отворен Балкан е „извонредна иницијатива, во интерес на граѓаните, од која имаме само корист и никој не може ништо да каже против тоа“.

-Не ја потценувајте нашата одлука и желба да се зближиме и да соработуваме, ако тоа е од наш интерес, рече Вучиќ, истакнувајќи дека бројките за економската соработка меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија растат, што значи дека некои луѓе живеат од тоа и ги прехрануваат семејствата.

-Да не зборуваме за размена на земјоделски производи, индустриски производи, услуги… Тоа е важно за нас. Им благодарам на сите во светот што се грижат, што и посакуваат добро на иницијативата, но таа е наша иницијатива, на нашите народи и јас сум горд на тоа. Тоа е нешто што ни припаѓа нам, дополни Вучиќ.

Претседателот на Србија изјави дека сите се добредојдени во иницијативата „Отворен Балкан“, вклучително и Приштина.

„Ако сакате да го решавате прашањето дали сакаме да имаме доволно брашно, струја и гас, тоа се прашања на „Отворен Балкан“, рече меѓу другото Вучиќ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:open balkanотворен балкан
Претходен напис (ФОТО) Санирани штетите по невремето во село Саса
Следен напис ТИРЗ Гевгелија прва „зелена“ инвестициска зона во земјава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?