Иницијативата Отворен Балкан ја покажува нашата непоколеблива решителност да одиме заедно напред!
На денешниот состанок донесовме јасен став за забрзување на процесот за усогласување на ветеринарните сертификати помеѓу трите држави од Отворен Балкан. Договоривме дека Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од 15 дена ќе направи измени во Правилникот кој го регулира извозот и увозот на живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло. Со овој чекор целосно го либерализраме пазарот на стоки од ваков тип и обезбедуваме непречен увоз и извоз помеѓу земјите членки на иницијативата Отворен Балкан.

Од започнувањето на Иницијативата, до денес, направивме голем напредок во делот на соработката меѓу трите држави во областа на земјоделството.

Зелените коридори на граничните премини за земјите од Отворен Балкан веќе функционираат, што претставува големо олеснување за економските оператори. Признати во сите три земји се фитосанитарните сертификати и трговијата со растенија и растителни производи се одвива непречено.

Иницијативата Отворен Балкан е наше големо семејство, за кое внимателно, заеднички се грижиме. Работиме посветено, темелно и истрајно кон една заедничка цел, да обезбедиме подобар, поквалитетен живот за граѓаните на нашите три држави.
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
