Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Слатката приказна на Наташа Исковска: ,,Не е важно колку другите веруваат во тебе, важно е колку ти веруваш во себе”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Слатката приказна на Наташа Исковска: ,,Не е важно колку другите веруваат во тебе, важно е колку ти веруваш во себе”
Магазин

Слатката приказна на Наташа Исковска: ,,Не е важно колку другите веруваат во тебе, важно е колку ти веруваш во себе”

Објавено 14/12/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оваа„ слатка“ приказна  сега наречена ,, ММ Sweets”  започна пред 5 години, кога Наташа, која инаку по професија е Дипломиран оперативен менаџер, за крштевката на својот син Марко сама подготвила слатка маса.

-,,Никој не веруваше дека мафините и тортата ги направив сама. Бев мотивирана од пофалните зборови на моите најблиски роднини и пријатели. Од задоволство почнав да  правам  колачи, мафини, помали торти , ги украсував  и ги подарував на најблиските  за разни поводи,  наместо да купувам чоколадо и цвеќе. Така, за неколку месеци од  Фејсбук страна што ми ја напрви мојата ќерка Марија,   ММ Sweets прерасна во бизнис “- со широка насмевка очигледно задоволство ни раскажува Наташа.

Секој почеток е тежок, но решителноста и вербата во себе се пресудни за успех во работата. И искуството на Наташа го потврдува тоа.

,Започнав во еден момент кога не можев повеќе да чекам некаде да се вработам. По само 4 месеци одкако ја добив првата професијонална нарачка ММ Sweets, стана голема и позната работилница.  Сега слаткарството е моја професија. Не е важно колку другите веруваат во тебе, важо е колку ти веруваш во себе. Јас многу  верував во себе, знаев дека со моите раце можам да направам чуда, но за среќа ја имав и  поддршката од најблиските. Кога ја добив првата нарачка мајка ми, како подарок ми купи миксер и вреќа со брашно” – вели Наташа.

Магија од слатки задоволства, креативност и професионалност…неделава беше втората по ред промоција на битолчанката Наташа Исковска.

 Во Хотел- бистро барот ,, Бела куќа “во Битола,  каде што се одржа презентацијата, Наташа на своите гости им приреди една прекрасна предновогодишна бајка. Зборовите секако нема да можат да ја доловат убавината и беспрекорноста на малите слатки уметнички дела за кои е тешко да се поверува дека некој ги изработил со своите раце…

Торти со ликови од цртани филмови, бебешка количка, зимска снежна бајка, лампиони од чоколадо, величенсвен замок од марципан, а од далеку светкаа колачи со 24 каратно злато, новитет кај нас.

Во секое делче од слаткиот свет што го видовме пред нас забележавме неверојатно чувство за уметност но Наташа се погрижила изгледот да оди биде во комбинација со вкусот и затоа употребува квалитетни суровини. Тука е белгиското чоколадо, квалитетното овошје, путер -какао…

Сите производи се без адитиви и конзерванси, не користи палмина маст, а од неодамна започна да изработува и безглутенски колачи.

– Јас се пронајдов себе си во слаткарството. Се надевем дека рацете ќе ме служат добро за да можам да ги реализирам сите мои идеи. А можеби ќе направам и нешто поголемо, зошто да не – заклучува Наташа како шлаг на торта во нејзината слатка приказна.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Наташа ИсковскаТорти и колачи
Претходен напис Директорот на Платежна и неговиот заменик, го чистат теренот од ѓубре …
Следен напис Илиевски кај тутунарите: Квалитетот на тутунот е одличен, Владата нека спрема поголем фонд за субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?