Забележен е нов помор на пчели во Хрватска, овој пат во Бјеловарско-билогорскиот крај.
Штета, како што објави HRT, засега пријавиле 10 пчелари, а угинале милиони единки од овие вредни инсекти.
„Се сомневаме на прскањето затоа што ова е масовен помор кај осум пчелари во областа“, рече Дражен Трнски од Бјеловар, кому му угинале половина од околу 50 пчелни заедници.
-Оваа агонија трае веќе една недела и секој ден има се повеќе угинувања. Чистиме, переме, дезинфицираме, правиме разни работи, но нема помош – вели Дарко Новотни од Бјеловар.
На Дарко му се живи само една третина од пчелните кошници, а чувал 140 кошници. Иако не посочува директно никого, се сомнева во несоодветна употреба на заштитни средства.
„Пчелите почнуваат да ги обновуваат леглата и минатата недела масовно одеа по полен и вода и тоа најверојатно е причина за труењето бидејќи во тек е третирање на површините, особено на пченицата и лозовите насади со инсектициди“, вели Горан Прањиќ, претседател на пчеларското здружение Билогора од Бјеловар.
Пред два месеци истото се случи и во Меѓимурската, Вараждинската и Вировитичко-подравинската жупанија, а ветеринарната и земјоделската инспекција на Државниот инспекторат утврди дека активните материи пронајдени кај угинатите пчели од Нова Буковица се забранети во Хрватска.
Угинување беше утврдено кај 35 пчелари кои заедно имаат 1.414 пчелни заедници.
