Со особено задоволство присуствувам на уште една успешна ИПАРД приказна, на свечено отвoрање на бутик хотелот Фреја во Струга, фамилијарен бизнис, кој се надевам ќе прерасне во врвна туристичка атракција.

Семејството Билјан аплицирало за мерката 7, Диверзификација на фармите и развој на бизниси, со што добиваат 65% финансиска поддршка кофинансирана од ИПАРД2 Програмата. Република Северна Македонија е лидер во искористеност на ИПАРД 2 во регионот со над 97% склучени договори.

Со оваа инвестиција од 1 милион евра ќе се отворат нови можности за вработување, ќе се развие руралниот туризам, а со тоа и ќе се промовира локалната економија. Им честитам на прекрасната идеја и реализација и посакувам многу успеси во иднина.


Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
