Продолжува реструктуирањето на лозовите насади во Европската Унија. Како резултат на петгодишното собирање податоци, Евростат објави извештај кој ги следи сите случувања на пазарот на грозје и производи од грозје и производниот потенцијал на лозовите насади во ЕУ, како и нивната структура.
Во периодот помеѓу 2015 и 2020 година, површината под винова лоза во ЕУ како целина остана релативно стабилна. Но, во истиот период бројот на лозови насади е намален за околу 10,3 отсто, што значи загуба од 257.000 лозја.

Главно се работи за загуба на имот помал од еден хектар. Значи, ги има за 226.000 помалку отколку во 2015 година.
Во 2020 година 82,4 отсто од лозовите насади во ЕУ биле наменети за производство на грозје за квалитетно вино, а тоа се однесува на производи со заштитена ознака на потекло. Станува збор за 2,1 милион хектари, што одговара на 65,3 отсто од површината.
Три четвртини од површините под винова лоза, или 74,9 проценти, се наоѓаат во Шпанија, Франција и Италија, каде што имало околу две петини (38,7 проценти) од лозовите насади во 2020 година.
Најголем број имоти имале Романците, речиси 0,8 милиони хеектари, што е 37,9 отсто.
Португалија имала најголема загуба на насади, 98.000 од нив, а потоа следат Италија со 78.000 и Шпанија со 34.000 помалку.
Во ова прибирање на податоци биле вклучени 16 земји членки со минимална засадена површина од 500 хектари лозови насади.
