Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од Здружението „Напредни лозари“ незадоволни од објавените откупни цени за грозјето од страна на „Тиквеш“ бараат да бидат дел од преговорите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од Здружението „Напредни лозари“ незадоволни од објавените откупни цени за грозјето од страна на „Тиквеш“ бараат да бидат дел од преговорите
Агровести

Од Здружението „Напредни лозари“ незадоволни од објавените откупни цени за грозјето од страна на „Тиквеш“ бараат да бидат дел од преговорите

Објавено 28/05/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната средба со лозарите во кавадаречката винарија, раководството на Тиквеш ги објави откупните цени на грозјето од годинашниот род за најзастапените сорти вранец 16 денари за килограм и смедеревка 12 денари за килограм. На ова веднаш реагираа од Здружението Напредни лозари од Кавадарци каде според нив денешните објавени цени од страна на винарската визба “Тиквеш” претставуваат понижување кон трудот и маката на лозарите.

– Не сме задоволни од овие цени, ова за производителите на грозје се ниски цени, во услови кога сите репроматеријали се поскапени. Значи за еден литар гориво треба да се даде 10 кг грозје, каде е тука логиката или кило грозје е поевтино од шише литар вода. Каде е нашиот труд, нашата пот, препарати, ѓубрива, вели претседателот на Здружението, Трајче Кулев.

Тој посочува дека лозарите се ставени во тесно бидејќи во визбата се повикуваат поединечно лозари и се договараат цени без консултација со нив.

-Каде сме тука Здружението, каде се преговарачите, зошто лозарите се оставени сами да се договараат и преговараат. Требаше да седнеме сите и ние и раководството на Тиквеш и претставници на Владата и ресорното Министерство, да разговараме и да ги прецизираме работите околу претстојниот откуп. Ако Тиквеш и останатите визби не можат да го платат трудот и маката на лозарите тогаш родот нека го откупи државата па потоа на која визба и треба вино нека си купи од таму, а не секоја година да бидеме вака уценувани, појаснува Кулев.

Ваквата реакција следуваше по денешната средба на раководството на Тиквеш со лозарите каде го започнаа процесот на дефинирање на соработката и потпишување договори со лозарите. На средбата раководството информираше за планираните количини за откуп, како и рамковната цена за грозјето, кои како што велат од таму се доста повисоки од ланските, како и дополнителните бонуси за предаденото грозје со екстра квалитет наменето за производство на премиум вина. На лозарите им беа дадени и насоки за динамиката на берба и прием на грозје во винарницата, за да се избегнат несакани појави на различни притисоци и уцени за прием на грозје од страна на поединци кои немаат регулирани договорни односи со винарницата, а се мотивирани од други интереси кои немаат никаква врска со вистинското лозарство и винарство – велат од компанијата. За да се обезбеди квалитетен род, „Тиквеш“ ќе продолжи да ги поддржува лозарите во текот на целата година, обезбедувајќи им препрати со пониски цени, стручни совети и едукација како да постапуваат во процесот на одгледување и заштита на лозјата, а обезбедени се и флексибилни начини на исплата на откупеното грозје во многу пократки рокови од оние кои се дефинирани со закон, порачуваат од Тиквеш и очекуваат дека оваа година ќе бидат потпишани над 2000 договори за деловна соработка со лозарите.

Инаку, анализата на податоците од минатогодишниот откуп покажуваат дека винарската визба „Тиквеш“ лани откупила најголема количина грозје, по повисоки цени во однос на просечните цени за вкупната реколта. Имено, од 92 милиони килограми грозје, колку што вкупно се откупени лани, „Тиквеш“, со откупени 25 милиони килограми, што е повеќе од 25 отсто од вкупниот откуп, има најголемо учество во однос на останатите откупувачи. При тоа, просечна цена за вкупната количина грозје откупена од „Тиквеш“ изнесува 13,4 денари за килограм и е повисока од просечната цена од 11,9 денари што лани ја постигнале сите винарници заедно.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грозјелозјемзшвнапредни лозариТиквеш
Претходен напис Тиквеш” почна да потпишува договори со лозарите за откуп на грозје, 16 денари за вранец и 12 за смедеревка
Следен напис Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?