Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Законските измени за интервентен откуп на оризот го поминаа првиот собраниски филтер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Законските измени за интервентен откуп на оризот го поминаа првиот собраниски филтер
Агровести

Законските измени за интервентен откуп на оризот го поминаа првиот собраниски филтер

Објавено 25/05/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска едногласно го поддржа Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој кој треба да се донесе по скратена постапка.

Со измените, како што стои во предлог-текстот, ќе се овозможи мерките за стабилизација
на пазарот, пред се интервентниот откуп, да се применуваат не само за пченицата, туку и за
оризот.

-Поради катастрофалната состојба во која се наоѓаат оризопроизводителите, неопходна е измена на Законот. Состојбата во оризопроизводството се наоѓа во критична фаза, за што е потребно кон оваа земјоделска култура државата да има посебен однос. Со опфатот на оризот како стратегиска земјоделска култура ќе се обезбедат доволни количини за потребите на населението и задоволување на пазарот во состојба на глобална прехрамбена криза. Воедно, ќе се овозможи на поедноставен начин да функционира пазарот, со што ќе се олесни откупот на оваа земјоделска култура и ќе се одбегнат ценовните шпекулации, рече пратеничката од СДСМ Даниела Колева, образложувајќи ги измените.

По денешното усвојување во матичната собраниска Комисија, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој треба да се најде на пленарна седница.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ориз
Претходен напис Се разгледуваат начините и искуствата за воведување земјишно банкарство
Следен напис Времето денеска сончево и топло со температури до 35 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?