Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Блокадата на Собранието сериозна пречка за субвенциите на тутунарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски: Блокадата на Собранието сериозна пречка за субвенциите на тутунарите
Субвенции

Бачовски: Блокадата на Собранието сериозна пречка за субвенциите на тутунарите

Објавено 21/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Блокадата на Собранието е сериозен проблем за исплата за субвенциите на земјоделците, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според нив, измените во Законот за земјоделство и рурален развој се клучни заради тоа што секоја година во април се носи една техничка измена која сега не се носи. Оттаму посочуваат дека Платежната агенција и пред ребалансот ги има сите пари за тутунарите, решенијата за еден ден може да се потпишат меѓутоа блокадата е кочницата во Собранието.

Директорот на агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, изјави дека причината за неисплатата на субвенциите на тутунарите е законската одредба за долговите спрема УЈП, која е донесена во 2015 година од сегашната опозиција, која во меѓувреме истата година носела решение за одложување на ова одредба.

– До 2015 година во Законот за земјоделство и рурален развој единствени точки каде се прави контрола дали земјоделецот должи или не биле дали има долг за земја, водарина и пашарина. Денешната опозиција што го блокира законот во 2015 година вели дека земјоделците треба да се проверуваат дали имаат долгови спрема УЈП. Истата година кога виделе дека тоа не профункционира, не може да се поврзат системите, УЈП си имаа различен начин на детектирање и следење на долговите, носат решение каде што таа одредба за УЈП ја одложуваат, односно тоа се вика одложена примена за следната година, рече директорот Бачовски.

Ова пракса според директор Бачовски, е примената од 2015 година до 2021 година без никаков проблем.

– Секоја година таа одредба се одложуваа и на таков начин тутунарите немаат блокада во исплата на субвенициите. Ова е прва година од 2015 година каде решаваат да го блокираат. Таа одложената примена е дадена од Министерството пред две-три месеци и таа така стои. Не е точно дека не се исплаќаат субвенциите поради тоа што нема пари. Јавно достапни се сите програми. Ние сме спремни од кога претседателот ќе го потпише указот на 17-18.000 тутунари со сума од 1.300.000 денари да им ги исплатиме субвенциите, наведе Бачовски.

МИА

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:Бачовскиземјоделцимзшвсубвенции
Претходен напис Владата го усвои ребалансот на буџетот: Фискален простор за нови мерки, повисоки плати и пензии
Следен напис Министерот Николовски горд на успешната мерка за малите семејни винарии: Ви честитам на сите кои денес добивате договори за грант до 10.000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?