Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Во селото Негрево одбележан Светскиот ден на пчелата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Во селото Негрево одбележан Светскиот ден на пчелата
Агровести

(ФОТО) Во селото Негрево одбележан Светскиот ден на пчелата

Објавено 20/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се зголемува бројот на пчелари во земјава, но и на регистрирани одгледувалишта. Во 2012 година биле околу 2 000, а денес се 7 000 со 300 000 пчелни семејства, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски по повод Светскиот ден на пчелите што беше одбележан во Едукативниот центар за зачувување на природата во пехчевското село Негрево.

May be an image of 7 people, people standing and outdoors

Николовски порача дека секој во рамки на своите ингеренции и надлежности треба да влијае за уште повисоко развивање на свеста за значењето на пчелите.

Според министерот, поддршката на пчеларството продолжува.

May be an image of 1 person, drink, indoor and text that says "a рупод руп бовка ров руп беровски производ ируп уварче беровски роизводи традиционал 076/250 задиционален ไ POUVH додаден last NO edition of сирупи The шекер без SUGAR ADDED syrups беровс традиционални Traditional сирупи syrups"

-Без пчелите нема живот, нема ни природа, нема ништо. Драго ми e што заедно со градоначалниците од регионот и сите останати гости заеднички праќаме порака колку е важно одбележувањето на овој ден. Она што можеме да го видиме низ бројки е дека расте бројот на пчеларите. Ако во 2012 година сме имале околу две илјади апликации за субвенции или регистрирани преку Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска тој број е околу седум илјади одгледувалишта со околу 300 илјади пчелни семејства. Значајно е за нас да ги следиме овие трендови и да даваме се поголема поддршка – рече Николовски.

May be an image of 5 people, people standing and outdoors

На настанот присуствуваа и словенечкиот амбасадор Милан Предан, како и градоначалникот Александар Китански.

-Пчеларството е една од оние области која ги поврзува нашите две држави. И едните и другите сме медена земја во која пчеларството е развиено. И кај нас како и кај вас во Северна Македонија бројот на пчелари константно расте. Мислам дека овој Светски ден на пчелите не е само промоција на пчеларството, на медот и на здравата исхрана, туку и на на нашиот однос кон природата, рече Предан.

May be an image of 8 people, people standing and outdoors

За градоначалникот Александар Китански одбележувањето на овој настан е од огромно значење, зашто пчелата е најбитниот опрашувач меѓу инсектите и дава огромен придонес во сложените меѓусебно поврзани еко-системи кои овозможуваат соживот на разновидни врсти.

-Знаејќи го значењето на пчелите, ние како локална самоуправа, секогаш ќе се трудиме да го дадеме нашиот максимум во поддршката на вистинските вредности, да им дадеме значителна помош на пчеларските здруженија и огледувачите на пчели и секогаш ќе ги поддржуваме настаните од ваков карактер. Се надевам дека овој настан ќе прерасне во традиционален и ќе имаме можност нашата соработка да ја продлабочиме и во иднина, рече Китански.

На настанот се обратија и претставници од Програмата за зачувување на природата и здружението Меден Исток кои посочија дека во насока на зачувување на природата реализирани се повеќе активности од огромна бенефит за пчеларите.

Во рамки на настанот министерот Николовски и амбасадорот Предан засадија медоносни дрвца во дворот на Едукативниот центар, а беа доделени и наградите од Ликовниот и литературниор конкурс по повод Светскиот ден на пчелите.

Може да ви се допадне

На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Таг:пчели
Претходен напис Светска банка нуди 30 милијарди долари за намалување на глобалната криза со храна што му се заканува на светот
Следен напис Ребалансот на Буџетот пред Владата, се предлага да нема дирекно замрзнување на цените
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?