Научниците одгледуваат растенија во почвата од Месечината која била собрана за време на легендарните летови на Аполо пред пет децении.

Растенијата официјално се одгледуваат во лунарната почва, позната како лунарен реголит. Научниците од Универзитетот во Флорида објавија студија во списанието Communications Biology, во која детално го опишаа овој уникатен експеримент. Истражувањето беше финансирано од НАСА, а научниците користеле примероци од лунарен реголит земени за време на слетувањето на Месечината на Аполо 11, 12 и 17.

Пред 50 години, астронаутите на НАСА донеле 382 килограми месечева почва, примероци од јадрото, камчиња, песок и прашина од површината на Месечината. Тим научници од Флорида добил по еден килограм лунарна почва по растение за експериментот.

За истражувачки цели, тие го посеале семето на Arabidopsis thaliana, мала цветна трева од семејството на синап. Се покажало дека растенијата одгледувани на лунарна почва се развиваат побавно и покажуваат знаци на стрес, како што е забавување на растот.

Студијата се смета за важен чекор за проектот на НАСА за воспоставување населби на Месечината.

