Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договори вредни 75 милиони денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договори вредни 75 милиони денари
Агровести

За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договори вредни 75 милиони денари

Објавено 18/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 322 договори вредни 75 милиони денари ќе бидат склучени по Јавниот повик за набавка на системи за наводнување „капка по капка“ и за конструкција на бунари од Програмата за рурален развој.

Договорите чие доделување беше организирано денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе ги потпишат земјоделски стопанства и земјоделци од сите општини низ државата.

-Оваа финансиска поддршка е силен импулс за модернизирање на земјоделството. Владата прави максимални напори да ги намали трошоците и да го зголеми производството, рече премиерот Димитар Ковачевски пред доделувањето на договорите.

Ковачевски потсети дека оваа мерка за поддршка е само една од многуте со кои Владата покажа грижа за секоја дејност, вклучувајќи го и земјоделството.

– Ставаме силен фокус на земјоделството како еден од основните економски двигатели. Првпат подготвивме Национален план за храна вреден 400 милиони денари. Секое парче обработлива земја ќе го ставиме во функција на производството, рече премиерот, потсетувајќи дека во првите 100 дена се распишани пет јавни повици за мерки со кои се јакне земјоделството.

Субвенциите редовно се исплаќаат, а се вложува и во капитални проекти, дополни Ковачевски.

Според ресорниот министер Љупчо Николовски, интересот за огласот за набавка на системи за наводнување „капка по капка“ и за конструкција на бунари беше многу голем.

-Овие 322 договори вредни 75 милиони денари се највисоката бројка споредено со претходните години и огласи што зборува за дизајнирање мерки кои се навистина од интерес за земјоделците, но и за промени во условите за аплицирање согласно сугестиите од терен, напомена Николовски, посочувајќи дека во 2016 година за оваа мерка биле склучени само 25 договори.

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски информира дека огласот заврши на 11 февруари, а денеска, по три месеци, договорите се веќе изготвени. Со одобрените средства, рече, ќе може да се набават подземни и надзмени ситеми за наводнување, филтри, електрична инсталации за струја,…, а кофинансирањето е 50 – 75 отсто.

Премиерот Ковачевски ги додели првите пет договори за набавка на системи за наводнување „капка по капка“ и за конструкција на бунари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:bunariбунари
Претходен напис Николовски: Од исклучително значење е поддршката што преку ИПАРД програмите ја добиваме од Европската Унија
Следен напис „Во чест на виното, низ времето”, изложба во Вински музеј Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?