Од исклучително значење е поддршката која што ја добиваме од Европската Унија токму преку ИПАРД програмите, напиша министерот Николовски по одржувањето на работната средба со Франк Болен, Раководител на сектор за проширување и претпристапна помош и Зиго Рутковис, Програмски менаџер за ИПАРД за Република Северна Македонија и Република Албанија.

„Разговаравме за моменталната состојба со земјоделството во Република Северна Македонија и воедно го презентиравме Националниот план за производство на храна.
Како лидери во регионот по искористување на средствата од ИПАРД програмата најавуваме и распишување на нов повик за Мерката 3 во рамките на ИПАРД 2 програмата.
Дополнително разговаравме и за подготовка за имплементација на ИПАРД 3 програмата. Ја продолжуваме соработката со Европската Унија и секојдневно ги охрабруваме земјоделците да ги користат мерките од ИПАРД“., рече Николовски.

