Министерот за земјоделство на Србија, Бранислав Недимовиќ се сретнал со заменик министерот за земјоделство на Иран, Алирез Мохаџер.
Главни теми на средбата биле набавката на иранска уреа, како и извозот на српски житарки во Иран.
Србија продолжува да отвора нови пазари и обезбедува т.н ресурсни основи за своето земјоделско производство, имајќи предвид дека светскиот пазар денес функционира сосема поинаку во однос на периодот пред десет години, соопштуваат од ресорното министерство на Србија.
Обезбедувањето на сигурност на земјоделското производство, како сега, така и во наредните години – е приоритет, имајќи предвид дека поради актуелните светски настани, многу синџири на снабдување се прекинати или значително отежнати за работа.
