Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Морско дно“ победничка маса на Памела Маџовска на тетовската манифестација „Вешта жена“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > „Морско дно“ победничка маса на Памела Маџовска на тетовската манифестација „Вешта жена“
Саеми и манифестации

„Морско дно“ победничка маса на Памела Маџовска на тетовската манифестација „Вешта жена“

Објавено 12/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Памела Маџовска е победничка на 30-то јубилејно издание на манифестацијата „Вешта жена“ за Тетово. Таа подготви главно јадење, торта и аранжман на маса насловени „Морско дно“.

Во текот на изборот кој вчера вечер се одржа во Тетово нејзината маса беше претставена под број 1. Освои прво место по гласови од публиката како и прва позиција според гласањето на жирито кое ги оценуваше сите пет маси на учесничките на изборот за највешта жена.

-Оваа година сум добитничка на првата награда на Вешта жена, мојата тема беше „Морско дно“ со главно јадење морски плодови со печурки. Имам голема љубов кон готвењето, сакам да готвам по дома и баш ми е мило што победив и сакам да порачам младите да готват, изјави победничката, 20-годишната Памела Маџовска.

Организацијата „Вешта жена“ со овој избор на највешта жена од Тетово одбележа и 30 години од постоењето. Мотото на јубилејното издание на Вешта жена беше „Со здрава исхрана и чист воздух до здрав живот – Тетово сака парк“. На овој начин се даде и поддршка на истоимената иницијатива „Тетово сака парк“.

-Јубилејното издание беше повод да доделиме благодарници на многу жени кои се дел од манифестацијата овие три децении. Се доделија благодарцници за 30 години активно учество како и за жените со 20, 15 и десет години искуство во натпреварувачкиот дел како и во организацијата и развојот на манифестацијата „Вешта жена“. За особен придонес во образованието признание доделивме на Соња Трифуновска, а во медицината на д-р Зорица Билбиловска, изјави Снежана Стојановска, претседателка на Здружението Вешта жена.

Сите победнички на манифестацијата Вешта жена по градови ќе се соочат на републичко финале кое се планира за 14 и 15 октомври во Лешочкиот манастирски комплекс.

Победничката се избира со тоа што жирито дава поени во 8 категории, како што се главно јадење, сервирање и аранжирање на маса, вкус, ескпонат и друго. Во изборот на победничка се вбројуваат и гласовите на публиката.

Може да ви се допадне

„Вешта жена“ за Тетово -победнички маси „Ајде на чај“ и „Клеопатра“,
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Таг:вешта жена
Претходен напис (ФОТО) Дивите свињи ги окупираа улиците на Рим, воведени се радикални мерки
Следен напис Националниот парк Галичица на 23 мај организира отворен ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?