За утре се очекува исплата на субвенции за градинарство, дознава Агротим.
Според нашите информации, исплатата на субвенциите се одвива со динамика која ја најави Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за овој месец, најнапред за градинарство потоа за тутун, а ќе следуваат и првите исплати од Интервентниот фонд.
Потсетуваме дека во тек е пријавувувањето за субвенциите за 2022 година. Крајниот рок за аплицирање е 31 мај.
