Агенцијата на Обединетите нации за помош во храна вчера апелираше повторно да се отворат пристаништата на Црното Море во Украина за да се овозможи извоз на пченица и пченка, од кои зависат многу сиромашни земји во светот.
Во соопштението на Светската програма за храна (WFP), со седиште во Рим, се вели дека пред војната што ја започна Русија, 98 отсто од украинскиот извоз на житарки се транспортирал преку тие пристаништа.
WFP соопштува дека пристаништата во Јужна Украина, тешко оштетени од артилериски напади и бомбардирањата, мора да продолжат да работат за да го заштитат украинското земјоделско производство и да овозможат извоз што е од клучно значење за економијата на Украина и снабдувањето со храна во светот.
