Земјоделката Кристина, од светиниколското село Сопот, ги споделува придобивките од мерката „Рурална жена“ и ги повикува и другите жени да аплицираат.
„Мерката „Рурална жена“ е голема поддршка на жените земјоделки, со која се помага при набавка на опрема за преработка на земјоделски производи. Зголемувањето на поддршката од 3000 на 6000 евра уште повеќе и помага на руралната жена. Затоа ве повикувам да аплицирате и да ја искористите оваа мерка.“, вели Кристина.
И министерот Николовски ги поттикнува жените да аплицираат за да се зголеми бројот на жените земјоделки.
„Со последниот јавен повик кој трае до 20.05.2022 ја зголемивме двојно финансиската поддршка од 3.000 на 6.000 евра. Аплицирајте, за што повеќе жени во земјоделството.“
