„Во моментот актуелни се повеќе повици за финансиска поддршка која е фокусирана на зголемено производство на храна и земјоделски производи.
Преку новиот Интервентен фонд веќе се спремаат првите исплати за пристигнатите апликации за финансиска поддршка за набавка на вештачко ѓубриво.

Објавени се 6 јавни повици од програмата за рурален развој за набавка на силоси, набавка на трактори, изградба на мандри, набавка на опрема за производство и преработка на тутун, грантови за рурална жена, како и повик за кофинансирање на инвестиции во подигнување на лозови и овошни насади и ароматични растенија.
Од денеска стартува и аплицирањето за финансиска поддршка од програмата за директни плаќања 2022.“, “, рече директорот на Платежна агенција, Никица Бачовски, на денешното гостување во емисијата ,,Македонија наутро“ на МТВ1
Сите кои се заинтересирани за финансиска поддршка од програмата за директни плаќања 2022 можат да ги поднесат барањата електронски со пристапување на www.ipardpa.gov.mk и влез во електронскиот систем со кликање на банерот директни плаќања – е барање. Крајниот рок за аплицирање е 31.05.2022 година. Заинтересираните апликанти при поднесување на барањата може да гi користат услугите на подрачните единици на МЗШВ, објави Бачовски.
