Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Свети Николе: Започнуваме теренска кампања, преку која сакаме уште еднаш да им ги презентираме мерките директно на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Свети Николе: Започнуваме теренска кампања, преку која сакаме уште еднаш да им ги презентираме мерките директно на земјоделците
Агровести

Николовски од Свети Николе: Започнуваме теренска кампања, преку која сакаме уште еднаш да им ги презентираме мерките директно на земјоделците

Објавено 03/05/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, од денеска започнува теренска кампања за промоција на сите мерки и јавни повици кои изминатиов период ги донесе министерството.

Теренската кампања започна денеска од Свети Николе каде министерот Николовски оствари неколку средби со земјоделци и директно ги информираше за мерките кои се во тек и ги повика максимално да ги искористат и да аплицираат на сите објавени повици.

„Ги слушаме земјоделците и земјоделските стопанства и заедно со нив подготвивме пакет на мерки. Земјоделците денес добиват рекорна поддршка, обезбедивме 400 милиони денари финансиска поддршка со која го стабилизираме и помагаме домашното производство. Сега редот е на земјоделците максимално да ги искористат мерките и да аплицираат за оваа поддршка. Токму затоа од тука од Свети Николе најавувам дека започнуваме теренска кампања, преку која сакаме уште еднаш да им ги презентираме мерките директно на земјоделците, да ги повикаме максимално да ги искористат, но и да чуеме од нив нови предлози за заедно полесно да ги надминеме проблемите кои оваа светска криза ни ги носи“ изјави Николовски.

Во рамките на посетата на Св. Николе министерот Николовски најпрво ја посети земјоделката Цвета Нацева во село Ерџелија, која е корисник на мерката „Рурална жена“ и добитник на грант од 3000 евра за претходниот повик. Цвета Нацева ги повика сите жени земјоделки да ги искористат мерките кои ги нуди државата и да аплицираат на новиот јавен повик за мерката „Рурална жена“ кој е во тек. Министерот Николовски ја информираше г-ѓа Цвета дека двојно е зголемена поддршката за оваа мерка од 3.000 на 6.000 евра по корисник.

Овој повик е наменет за жени носители на земјоделски стопанства, кои преку оваа мерка можат да извршат инвестиции во набавка на опрема за преработка или доработка на примарни земјоделски производи и набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата.

Министерот го посети и младиот земјоделец Александар Младенов добитник на грант од 10.000 евра за мерката „Млад земјоделец“.

„Упатувам апел до сите млади земјоделци кои сакаат да ја работат оваа работа дека на многу лесен начин може да се дојде до овие грантови, само ако се сака. Се надевам дека и понатаму ќе се создаваат услови за подобар начин на работа„ рече земјоделецот Александар и информираше дека со грантот набавил трактор, елеватор за жито и млин со мешалка до 300 кг.

Заедно со земјоделците, МЗШВ подготви „Национален план за производство на храна“ чија главна цел е поддршка и зголемување на домашното производство на стратешки култури, а со тоа и намалување на увозната зависност. За таа цел обезбедени се нови дополнителни 5.722 хектари обработливо земјоделско земјиште кое го ставаме на располагање за обработка на стратешки култури. Свети Николе е една од општините во која се предвидени нови повеќе од 700 хектари земја за обработка на стратешки култури. Јавниот оглас е веќе распишан, а рокот за аплицирање е до 10 мај.

Министерот Николовски попладнето оствари средба на отворено со земјоделци од овој крај и ги повика да ја искористат оваа можност и да учествуваат на јавниот оглас. Министерот на средбата директно ги информираше земјоделците и за мерките од интервентниот фонд и дека веќе течат пет јавни повици, за набавка на траткори, силоси, изградба на мандри, набавка на опрема за производство на тутун и за мерката „Рурална жена“. Рокот за аплицирање за овие јавни повици е до 20 мај.

Преку јавниот повик за набавка на трактори, акцентот е ставен на полјоделското производство. Овој јавен повик можат да го искористат сите земјоделски стопанства запишани во ЕРЗС, кои не ја користеле поддршката во последните пет години. Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 75% од вкупната вредност на набавениот трактор. Максималниот износ на поддршката за набавка на трактори е до 3.500.000 денари по корисник.

„Работиме неуморно и сме во постојана консултација со вас земјоделците, грижејќи се за секој земјоделец. Максимално искоритете ги мерките кои ги нудиме за зголемување на домашното производство. Да си помогнеме сами, а со тоа да помогнеме на секој еден граѓанин во нашата земја. Во услови на криза се грижиме за секој килограм домашно производство, со цел да не бидеме дополнително зависни од увоз на земјоделски производи од странство. Токму затоа ќе инсистираме секој килограм домашно производство на стратешка култура, да заврши прво во домашните капацитети за преработка. Така е чесно, така е одговорно кон сите граѓани“ рече Николовски на денешната средба со земјоделците од Свети Николе.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:рурална женаТрактор
Претходен напис Од 42-рата седница на Владата: Укинати сите ковид мерки освен носењето маски во здравствени установи, аптеки и домови за возрасни и лица со попреченост
Следен напис Времето денеска сончево и потопло, попладне услови за краткотраен пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?