Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ПОВИК 2/2022 за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ЈАВЕН ПОВИК 2/2022 за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов
Јавни огласи и повициСубвенцииФондови

ЈАВЕН ПОВИК 2/2022 за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов

Објавено 03/05/2022
Сподели
14 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 35 став 1 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15, 39/16, 83/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 150/21) и Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите вршење на стопански риболов на риболовната зона “Далјан“ бр. 40-9596/12 (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.262/21), Комисијата за спроведување на постапки за доделување концесии на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните подрачја, формирана од Владата на Република Северна Македонија, со Решение бр.40-13782/10-21 од 8 февруари 2022 година, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 2/2022
за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов

I ПРЕДМЕТ НА КОНЦЕСИЈА

  1. Риболовна зона “Далјан“ која го опфаќа делот на реката Црн Дрим од регулациониот објект на ХЕЦ Глобочица кај Црквата“ Света Петка” до местото Дивлјак во Струга.

II ПЕРИОД ЗА КОЈ СЕ ДОДЕЛУВА КОНЦЕСИЈАТА
Концесијата на рибите за вршење на стопански риболов на риболовните зони се доделува за период од шест години.

III ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на Јавниот повик за доделување на концесии на рибите за вршење стопански риболов имаат правни лица кои ги исполнуваат условите утврдени со Законот за рибарство и
аквакултура и Законот за концесии и јавно приватно партнерство.
Домашните правни лица кои учествуваат на Јавниот повик треба да се регистрирани за дејност рибарство, а странските правни лица треба да имаат регистрирано подружница во Република Северна Македонија согласно со Законот за трговските друштва, да имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки или договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарстото и да располагаат со минимум потребна опрема за вршење стопански риболов утврдена во риболовната основа.
Субјектите на кои им е издадена нагативна референца за учество на јавен повик немаат право
на учество на јавниот повик.

IV РОК И ВАЖНОСТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Краен рок за поднесување на понудите е 1 јуни 2022 година до 10:00 часот.
Рокот на важност на понудата изнесува најмалку 180 дена сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите.
Сите трошоци кои се во врска со подготовката и поднесувањето на понудата паѓаат на товар на понудувачот.

V АДРЕСА НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Секој заинтересиран понудувач својата понуда ја доставува на следнава адреса:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Трети“, бр.2, 1000 Скопје.
Понудата се доставува преку пошта или со предавање во архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

VI ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИ

Јавното отворање на понудите ќе се одржи во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.„Аминта Трети“ бр.2, Скопје, Република Македонија) на 1 јуни 2022 година во 10:00 часот.

VII ЈАЗИК НА ПОНУДАТА

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

VIII ИЗДАВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И НАДОМЕСТОК ЗА ИЗДАВАЊЕ

Тендерската документација се издава во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Трети“ број 2,1000 Скопје.
За подигнување на тендерската документација, заинтересираниот понудувач е должен да уплати неповратни средства во висина од 500 (петстотини) денари.

Уплатата треба да се изврши на следната сметка:

Назив и седиште на примачот: Министерство за финансии, Трезорска сметка

Банка на примачот: НБРМ

Трансакциона сметка: 100000000063095

Износ: 500 денари

Уплатна сметка: 840 XXX 03161

Приходна шифра и Програма: 72231300

Цел на дознаката: административна такса

Во случај на доставување на повеќе понуди од еден ист понудувач за различни точки од делот 1 на овој јавен повик, понудувачот треба да има подигнато тендерска документација за секоја точка поединечно.

При подигнување на тендерската документација од архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потребно е да се остават лични податоци, како и податоци за називот, седиштето, контакт телефон и e-mail адреса за субјектот за кој се подигнува тендерска документација.

IX ЛИЧНИ, ПРОФЕСИОНАЛНИ, ТЕХНИЧКИ И ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За докажување на личните, професионалните, финансиските и техничките услови кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик, понудувачите задолжително треба да ја
достават следната документација:

  1. За докажување на личната способност:

-изјава од одговорното лице во правното лице (оригинал), со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека правното лице или член на негов орган на
управување или надзорен орган во последните пет години не се осудени со правосилна судска пресуда за следниве кривични дела: корупција, измама или перење на пари;

-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), дека не е отворена постапка за стечај издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не
постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), дека не е отворена постапка за ликвидација издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-потврда (уверение) за платени даноци, придонеси и други јавни давачки (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), издадена од Управата за јавни приходи не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица, дека не му е изречена споредна казна
привремена забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за
доставување на понудите наназад;

-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица, дека не му е изречена споредна казна трајна
забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

  1. За докажување професионална способност:

-Потврда за регистрирана дејност рибарство (ПРД образец оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна
Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназади

-Тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. Доколку понудувачот конкурира со подружница на правното лице потребно е подружницата да биде регистрирана за дејност
рибарство.

  1. За докажување финансиска способност:

-Информација за економско – финансиска состојба на субјектот за последните три години или за периодот за кои постојат податоци (оригинал или копија заверена од страна на
понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

  1. За докажување техничка способност:

-М1 и М2 образец (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) за најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки или договор за соработка со
научна или образовна установа од областа на рибарството;
изјава (оригинал) за техничка опременост и оспособеност од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека
поседува или располага со потребната опрема за вршење на рибочуварската служба утврден во риболовната основа со прилог документи за доказ-сопственост или договор за користење;

-доказ за располагање со опрема за вршење стопански риболов – инсталација за лов на јагула или договор за закуп за користење на инсталација за лов на јагула за периодот на
концесија и

-изјава (оригинал) за рибочуварска служба од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека ќе формира рибочуварска
служба со потребниот број на лица за вршење физичка заштита на рибите утврден во риболовната основа и дека истите ќе ја извршуваат таа обврска само во риболовната зона „Далјан”.

Покрај документацијата специфицирана во точка IX од овој Јавен повик, секој понудувач треба да достави:

-Пополнет Образец на понуда, заверен од страна на понудувачот и потпишан од одговорното лице на понудувачот или од него овластено лице, за што во прилог се доставува
овластувањето потпишано и заверено од одговорното лице на понудувачот;
-Парафиран модел на Договор и
-Банкарска гаранција за учество во постапката (оригинал).

Доколку понудата не е комплетна, односно не ја содржи потребната документација, истата нема да биде предмет на евалуација.

X КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА

Критериум според кој ќе се врши изборот на најповолна понуда е највисокиот понуден концесиски надоместок понуден на електронската аукција.

XI МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА НАДОМЕСТОК ЗА КОНЦЕСИЈА

Надоместокот за концесија на рибите за вршење стопански риболов изнесува најмалку 240.000,00 денари за период од шест години.
Надоместокот за користење на рибите за вршење стопански риболов се плаќа на шест еднакви годишни рати. Годишната рата се плаќа најдоцна до 31 декември во тековната година.

XII ИМЕ И АДРЕСА НА НАДЛЕЖНИОТ ОРГАН ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ И КРАЈНИ РОКОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ЖАЛБИ

Надлежен орган за решавање по жалби во постапката за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони е Државната комисија за жалби по јавни набавки (бул.„Илинден“ бр. 63а, 1000 Скопје, Република Македонија).

Жалба може да се изјави во рок од десет дена од денот на:

  • објавувањето на Јавниот повик за доделување на концесии на рибите за вршење стопански риболов во однос на содржината на повикот или тендерската документација;
  • објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
  • отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
  • прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.

Жалителот кој пропуштилда изјави жалба во однос на одредбите од алинеите 1,2 и 3 нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.

Комисија за спроведување на постапки
за доделување концесии на рибите
за вршење на стопански риболов

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:јавен повик 2/2022
Претходен напис Објавен ЈАВЕН ПОВИК 1/2022 за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов
Следен напис Три грста ѓубриво околу стеблото и прихрана над листовите за силни овошки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?