Владата на Република Северна Македонија, со Решенија бр.40-13782/1-9-21 и 40-13782/11-12-21 од 8 февруари 2022 година, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК 1/2022
за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов
I ПРЕДМЕТ НА КОНЦЕСИЈА
- Риболовен ревир „Брегалница-Делчевски“ кој го опфаќа делот од реката Брегалница од с. Митрашинци до еден километар пред вливот во акумулацијата“Калиманци” вклучувајќи ги сите притоки во овој дел од текот на реката Брегалница, како и сите стоечки води (мали микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов.
- Риболовен ревир „Злетовска Река“ кој ја опфаќа цела Злетовска Река од браната на акумулацијата „Кнежево“ до вливот во реката Брегалница, вклучително и сите притоки,
акумулацијата „Пишица” како и сите стоечки води (мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов. - Риболовен ревир „Струмица 1“ кој го опфаќа делот од реката Струмица од изворишниот регион до вливот на реката Турија вклучително и река Турија, како и сите притоки во тој дел
од текот заедно со малите акумулации („Маркова Брана“, „Дрвошка“ и „Иловица“), како и делот на реката Водочица од браната на вештачкото езеро – акумулација Водоча до вливот
во реката Струмица. - Риболовен ревир „Струмица 2“ кој го опфаќа делот од реката Струмица од вливот на реката Турија до Македонско-Бугарската граница, заедно со Моноспитовско блато, сите притоки и
малите акумулации („Новоселка“), а безреката Водочица и нејзините притоки - Риболовен ревир „Охридски Слив“ кој го опфаќа течението на реките Сатеска, од изворот до регулациониот објект северно од с. Волино, Каналот на реката Сатеска, од регулациониот
објект северно од с. Волино до вливот во Охридкото Езеро, Песочанка Река, од изворот до вливот во р. Сатеска, Голема Река, од изворот до вливот во реката Сатеска, Матица
создадена од водите на изворите во селото Издeглавје и Слатинска река наречена „Поток“, од изворот до вливот во реката Сатеска, Матица создадена од водите кои истекуваат од
Сини Вирој, од изворот до вливот во Голема Река, Коселска Река, од изворот до вливот во Охридско Езеро, Река Керава, од границата со Република Албанија до вливот во Охридско
Езеро, сите токови кои се вливаат во Охридското Езеро, како и вештачките езера – акумулации – Требенишко и Слатинско. - Рекреативната зона „Акумулација Тиквешко езеро”, која ја опфаќа целата брегова линија на акумулацијата со приобалниот дел до 10 м оддалеченост од брегот кон отворена вода, освен обележаниот појас околу поставените кафези за одгледување риби
- Рекреативна зона „Акумулација Матка“ која ја опфаќа целата водена површина навештачкото езеро – акумулација Матка вклучувајќи го и делот на реката Треска кој се наоѓа помеѓу браната Света Петка (Матка 2) и вливот во акумулацијата Матка.
- Рекреативна зона „Акумулација Конче 1 и Конче 3“ која ја опфаќа целата површина на вештачките езера – акумулации Конче 1и Конче 3.
- Рекреативна зона „Акумулација Ратево“ која ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Ратево од вливот на реките Клепалска и Заменичка до браната,
вклучувајќи го делот на реката Брегалница од изворите до село Митрашинци со сите притоки.
- Рекреативна зона „Акумулација Турија“ кој го опфаќа делот од реката Струмица од изворишниот регион до вливот на реката Турија вклучително и река Турија, како и сите
притоки во тој дел од текот заедно со малите акумулации („Маркова Брана“, „Дрвошка“ и „Иловица“), како и делот на реката Водочица од браната на вештачкото езеро – акумулација
Водоча до вливот во реката Струмица. - Рекреативна зона „Акумулација Водоча“ која ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро.
II ПЕРИОД ЗА КОЈ СЕ ДОДЕЛУВА КОНЦЕСИЈАТА
Концесијата на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се доделува за период од шест години.
III ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на Јавниот повик за доделување на концесии на рибите за организирање рекреативен риболов имаат домашни правни лица регистрирани за дејност рибарство и риболовни зруженија доколку ги исполнуваат условите утврдени со Законот за рибарство и аквакултура и Законот за концесии и јавно приватно партнерство.
IV РОК И ВАЖНОСТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Краен рок за поднесување на понудите е 1 јуни 2022 година до 10:00 часот.
Рокот на важност на понудата изнесува најмалку 180 дена сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите.
Сите трошоци кои се во врска со подготовката и поднесувањето на понудата паѓаат на товар на понудувачот.
V АДРЕСА НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Секој заинтересиран понудувач својата понуда ја доставува на следнава адреса:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Трети“, бр.2, 1000 Скопје.
Понудата се доставува преку пошта или со предавање во архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
VI ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИ
Јавното отворање на понудите ќе се одржи во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.„Аминта Трети“ бр.2, Скопје, Република Македонија) на 1 јуни 2022 година во 10:00 часот.
VII ЈАЗИК НА ПОНУДАТА
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
VIII ИЗДАВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И НАДОМЕСТОК ЗА ИЗДАВАЊЕ
Тендерската документација се издава во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Трети“ број 2, 1000 Скопје.
За подигнување на тендерската документација, заинтересираниот понудувач е должен да уплати неповратни средства во висина од 500 (петстотини) денари.
Уплатата треба да се изврши на следната сметка:
Назив и седиште на примачот: Министерство за финансии, Трезорска сметка
Банка на примачот: НБРМ
Трансакциона сметка: 100000000063095
Износ: 500 денари
Уплатна сметка: 840 XXX 03161
Приходна шифра и Програма: 72231300
Цел на дознаката: административна такса
Во случај на доставување на повеќе понуди од еден ист понудувач за различни точки од делот 1 на овој јавен повик, понудувачот треба да има подигнато тендерска документација за секоја точка поединечно.
При подигнување на тендерската документација од архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потребно е да се остават лични податоци, како и податоци за називот, седиштето, контакт телефон и e-mail адреса за субјектот за кој се подигнува тендерска документација.
IX ЛИЧНИ, ПРОФЕСИОНАЛНИ, ТЕХНИЧКИ И ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ
За докажување на личните, професионалните, финансиските и техничките услови кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик, понудувачите задолжително треба да ја
достават следната документација:
- За докажување на личната способност:
-изјава од одговорното лице во правното лице (оригинал), со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека правното лице или член на негов орган на
управување или надзорен орган во последните пет години не се осудени со правосилна судска пресуда за следниве кривични дела: корупција, измама или перење на пари;
-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), дека не е отворена постапка за стечај издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не
постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;
-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), дека не е отворена постапка за ликвидација издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;
-потврда (уверение) за платени даноци, придонеси и други јавни давачки (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), издадена од Управата за јавни приходи не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;
-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица, дека не му е изречена споредна казна
привремена забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за
доставување на понудите наназад;
-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица, дека не му е изречена споредна казна трајна
забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;
-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;
-потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
- За докажување професионална способност:
-Потврда за регистрирана дејност – рибарство (ПРД образец оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна
Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад (ја доставуваат само правни лица регистрирани согласно Законот за трговски
друштва);
-Потврда за регистрирана дејност (ПРД образец оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад (ја доставуваат
само правни лица регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации – риболовни здруженија) и
-Тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. Доколку понудувачот конкурира со подружница на правното лице потребно подружницата да биде регистрирана за дејност
рибарство.
- За докажување финансиска способност:
-Информација за економско – финансиска состојба на субјектот или извештај за биланс на состојба за последните три години или за периодот за кои постојат податоци (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
- За докажување техничка способност:
-М1 и М2 образец (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) за најмалку 1 (еден) вработен рибочувар;
-договор (оригинал или копија заверена на нотар) за порибување на риболовниот ревир или рекреативната зона склучен со регистриран репроцентар за периодот на времетраење на концесија, со наведени планирани количини за порибување вкупно за целиот шестгодишен период на концесија и планирани количини за порибување поединичено по години;
изјава (оригинал) за техничка опременост и оспособеност од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека
поседува или располага со потребната опрема за вршење на рибочуварската служба утврден во риболовната основа со прилог документи за доказ-сопственост или договор за користење;
-изјава (оригинал) за рибочуварска служба од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека ќе формира рибочуварска служба со потребниот број на лица за вршење физичка заштита на рибите утврден во риболовната основа и дека истите ќе ја извршуваат таа обврска само во одделен риболовен
ревир или рекреативната зона и
-изјава (оригинал) за број на членови од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека во моментот на поднесување на
понудата членуваат најмалку 50 членови во здружението (ја доставуваат само риболовни здруженија).
Покрај документацијата специфицирана во точка IX од овој Јавен повик, секој понудувач треба да достави:
-Пополнет Образец на понуда, заверен од страна на понудувачот и потпишан од одговорното лице на понудувачот или од него овластено лице, за што во прилог се доставува
овластувањето потпишано и заверено од одговорното лице на понудувачот;
-Парафиран модел на Договор и Банкарска гаранција за учество во постапката (оригинал).
Доколку понудата не е комплетна, односно не ја содржи потребната документација, истата нема да биде предмет на евалуација.
X КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
Критериум според кој ќе се врши изборот на најповолна понуда е највисокиот концесиски надоместок изразен во проценти понуден на електронската аукција.
XI МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА НАДОМЕСТОК ЗА КОНЦЕСИЈА
Надоместокот за концесија на рибите за организирање рекреативен риболов изнесува најмалку 10% од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи на годишно ниво.
XII ИМЕ И АДРЕСА НА НАДЛЕЖНИОТ ОРГАН ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ И КРАЈНИ РОКОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ЖАЛБИ
Надлежен орган за решавање по жалби во постапката за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони е Државната комисија за жалби по јавни набавки (бул. „Илинден“ бр. 63а, 1000 Скопје, Република Македонија).
Жалба може да се изјави во рок од десет дена од денот на:
-објавувањето на Јавниот повик за доделување на концесии на рибите за вршење стопански риболов во однос на содржината на повикот или тендерската документација;
-објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
-отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
-прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на
постапката.
Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од алинеите 1, 2 и 3 нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
Комисија за спроведување на постапки за доделување
концесии на рибите за организирање на рекреативен риболов
