За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.
Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп.
Станува збор за земјиште со површина од 5 722ха 92ар 53м2 во следните региони на државата: Битола, Делчево, Кочани, Куманово, Кратово, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Струмица, Прилеп, Радовиш, Велес, Штип и Кисела Вода.
Повеќе за огласот, деталите, начините и критериумите за аплицирање може да ги прочитате на следниот линк
Крајниот рок за доставување понуди е 10 мај 2022 година.
На ден 11.05.2022 година во 9.00 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во големата сала ќе има јавно отворање на Јавниот оглас 01/22.
