Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Коко фарм – семејна фарма во штипското село Чардаклија која одгледува пуштени кокошки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Коко фарм – семејна фарма во штипското село Чардаклија која одгледува пуштени кокошки
Магазин

(ФОТО) Коко фарм – семејна фарма во штипското село Чардаклија која одгледува пуштени кокошки

Објавено 29/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Коко Фарм – семејната фарма лоцирана во штипското село Чардаклија одгледува пуштени кокошки. Ова е едно од првите одгледувалишта на кокошки во Македонија што пред 5 години се одлучи да ги одгледува на ваков алтернативен начин. Андреј од Коко Фарм ја раскажува својата успешна приказна.

„Ние сме Коко Фарм – семејна фарма за одгледување на пуштени кокошки во с. Чардаклија Штип. Со генерации сме поврзани со животните и научени сме да ги сакаме, почитуваме и да се грижиме за нив со особено внимание. Токму затоа ние бевме едни од првите одгледувалишта на кокошки во Македонија што пред 5 години се одлучи да ги одгледува на ваков алтернативен начин.“

Кокошките поголемиот дел од денот го поминуваат во огромниот двор.

„Нашето јато има просторна фарма во која ги поминува ноќите и во која може да се засолни доколку времето е ладно и огромен двор во кој го поминува поголемиот дел од денот.“

Освен што добиваат оброци од проверено локално производство, кокошките можат да јадат се што ќе најдат во земјата.

-Исклучително внимание посветуваме на исхраната на нашето јато. Житариците што се вклучени во секојдневните оброци се од проверено локално производство, а покрај нив, кокошките го имаат и луксузот да јадат се што ќе најдат во земја. Во нивниот двор има секогаш по некоја овошка или јатка што придонесува за уште поздрав производ.“

„Она што не позиционира пред останатите конкуренти е фактот што нашите јајца стигнуваат свежи до крајниот потрошувач. Секое јајце е рачно собрано, исчистено без никакви препарати, спакувано и доставено лично од нас.“, велат од Коко фарм.

Од фармата велат дека ќе продолжат да се борат за укинување на кафезното чување на кокошките.

„Ние работиме и ќе работиме на иницијативата за укинување на кафезното чување на кокошките, затоа што силно се бориме за правата на животните и нивната експлоатација. Пораката што сакам да ја упатам до младите фармери е секој да излезе на пазарот со свој производ по кој ќе бидат препознатливи, да ги следат и практикуваат современите трендови и алатки, да создадат една примамлива маркетинг приказна за својот производ бидејќи само така можат да бидат успешни во модерното време.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:коко фарм
Претходен напис Побрзаа да посеат сончоглед на угар – Во Франција се користат и почви со послаб квалитет
Следен напис Намалени водостоите на поголем дел од реките и на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?