Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Приоритет се капиталните проекти, на терен се работи со силно темпо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски: Приоритет се капиталните проекти, на терен се работи со силно темпо
Агровести

Бочварски: Приоритет се капиталните проекти, на терен се работи со силно темпо

Објавено 28/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Реализацијата на капиталните проекти, преку изградба и реконструкција на патната мрежа, комуналната инфраструктура и железницата, останува силен фокус на Министерството за транспорт и врски.

Во 100-те денови од Владата, се заврши со изградба на втората фаза од експресниот пат Штип-Радовиш инвестиција од 23 милиони евра.

Исто така завршени се сите инфраструктурни проекти на автопатот Кичево – Охрид кои беа неохподни за продолжување на сите дополнителни работи со што се овозможи силен фронт за работа на терен. Активно се работеше и на изградба на автопатската делница од Граничниот премин Блаце до село Блаце.

Во делот на експресните патишта интензиво се работеше на експресниот пат Градско-Прилеп, потоа од Курпиште до Кочани и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, со вкупна инвестиција од 135 милиони евра.

Во овој период започнавме со изградба на регионалниот пат Извор до Гарски мост, реконструкција на превојот Плетвар, како и рехабилитација на неколку други патни правци.

Со проектот за „Поврзување со локални патишта”, распишавме јавен повик за рекнструкција на 17 локални улици во 10 општини со вкупна инвестициона вредност од 5 милиони евра.

Во делот на комуналната инфраструктура, за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните започнавме реконструкција на водоводи и канализациони системи во Кавадарци, Гевгелија, Штип, Валандово, Струмица и Крива Паланка. Континуирано се работи на реконструкција на водоводни и канализацони линии и во други општини преку заемот од Европската Инвестициона Банка. Интензивно се гради и браната Отиња.

За згрижување на социјално ранливите категории граѓани, во првите 100 дена, започнавме со изградба на социјални станови во Пехчево и Сарај, а ги завршивме социјалните згради во Неготино и Демир Капија. Започнавме со распределба на 70 станови во Гостивар.

Во рамките на преговорите на мешовитите комисии меѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, ги зголемивме квотите за дозволи за и од трета земја со што го унапредивме товарниот транспорт и ја воведовме авиолинијата Софија-Скопје.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бочварски
Претходен напис Поскапе маслото за јадење „Брилијант“
Следен напис Во Хрватска отворена првата европска хибридна фабрика за преработка на компири и грав
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?