Втората по големина млекарница во Австрија, NÖM, со седиште во Баден, најави превентивно запирање на испораката на одредени производи поради зголемените трошоци. Значи, литар сурово млеко веќе поскапел за 10 центи, што е зголемување на трошоците за 30 отсто, односно 40 милиони евра годинава за таа компанија.
Причината е поскапувањето на енергенсите, особено на гасот, бидејќи тие се стопроцентно зависни од таа енергија, наведува Noe.orf.
Членот на управниот одбор, Алфред Бергер, најави дека поради мерки на претпазливост ќе ја прекинат испораката на одредени производи, но не прецизираа кои.
Дополнително, предупредуваат на тесни грла при набавка на материјали за пакување и овошни препарати кои се користат за производство на, на пример, овошни јогурти. Исто така, одгледувањето јагоди во Долна Австрија покрива само шест отсто од нивните потреби. Друг проблем е недостатокот на работна сила, берачи од Украина кои годинава нема да ги има.
Слично е и со малините кои се три до пет пати поскапи, а кога е во прашање доставата недостигаат возачи на камиони.
Кога станува збор за амбалажата, недостигаат материјали кои се користат за капачиња за јогурт, павлака и други млечни производи.
Слични проблеми има и во Русија. Според Dairy global, дури 95% од материјалите таму доаѓаат од увоз. Поради воведените санкции, тие веќе не можат да користат Тетра Пак, а „Елопак“ и „Стора Енсо“ исто така престанаа да работат во Русија, додека „Тетра Лавал“ го намали бизнисот во таа земја.
Во индустријата за амбалажа за храна, картон, полиетилен, бои, алуминиумски фолии и други суровини првенствено се увезуваат од Европската Унија.
И преостанува стаклена амбалажа или метални канти, таканаречени бидони, поради што ќе треба да размислуваат за намалување на рокот на траење на млекото и млечните производи.
„Веројатно нема да завршиме со млеко во метални канти, но, знаете, подобро е да не ветуваме“, коментира Аркадиј Пономарев, основач на рускиот млекарски холдинг „Молвест“.
Имаат амбалажа за 1,5 до три месеци.
