Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, преку објава на својот фејсбук-профил уште еднаш ги повика земјоделците да аплицираат за финансиска поддршка за набавка за вештачки ѓубрива за засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед.
„Ги повикуваме сите земјоделци кои ќе набават вештачки ѓубрива во периодот од 01.12.2021 – 31.05.2021 да аплицираат преку електронскиот систем на Агенцијата со помош на операторите при подрачните единици на МЗШВ.
Висината на финансиска поддршка изнесува:
4000 денари / хектар за набавка на најмалку 200 кг / хектар вештачки ѓубрива за површини со пченица и пченка
2500 денари / хектар за набавка на најмалку 200 кг / хектар вештачки ѓубрива за површини со јачмен
2500 денари / хектар за набавка на најмалку 100 кг / хектар вештачки ѓубрива за површини со сончоглед
4000 денари / хектар за набавка на најмалку 6 л / хектар течни фолијарни ѓубрива за пченица, јачмен, пченка и сончоглед.“
