Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен е јавниот повик за „РУРАЛНА ЖЕНА“ – 6000 евра поддршка за земјоделски стопанства чиј носител е жена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Објавен е јавниот повик за „РУРАЛНА ЖЕНА“ – 6000 евра поддршка за земјоделски стопанства чиј носител е жена
Јавни огласи и повици

Објавен е јавниот повик за „РУРАЛНА ЖЕНА“ – 6000 евра поддршка за земјоделски стопанства чиј носител е жена

Објавено 20/04/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2022 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за мерка 115 Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство.

Максимална кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник е до 360.000,00 денари по поединечен корисник.

КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

  • Субјекти Земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за истиот тип на инвестиција (градба, опрема и услуги) не можат да бидат корисници на финансиска поддршка на истата мерката.

Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерка 115 од Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.

Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се преземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството е руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0222-1151-XXXX/1).

Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 20.05.2022 година.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:рурална жена
Претходен напис Николовски: Преку договорното производство домашните количини на сончоглед ги ставаме на располагање за домашните преработувачки капацитети
Следен напис Од утре конечно пораст на температурите, позначителен во деновите од викендот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?