Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ домаќин на Форумот на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ домаќин на Форумот на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан
Агровести

АХВ домаќин на Форумот на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан

Објавено 20/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска и утре ќе биде домаќин и претседавач со вториот Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка што ќе се одржи во Охрид.

Форумот е под покровителство на регионалниот проект „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија и на него ќе учествуваат високи претставници од Генералниот директорат за здравје и безбедност на храната при Европската комисија, Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), од ветеринарните власти од Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Србија, како и претставници од проектот покровител на форумот.

Двата дена ќе се дебатира за состојбата со болестите кај животните во Западен Балкан и статусот на слободни земји од одреди болести, со акцент на класична свинска чума, чумата кај малите преживари и болеста беснило. Објаснети ќе бидат и програмите за системот на официјални контроли за справување со беснилото кое се пренесува преку кучињата, подобрувањето на пасивниот надзор на болеста и анализата на податоците за Западен Балкан.

Во однос на птичјиoт грип презентирана ќе биде состојбата во секоја од земјите учеснички на форумот и во Европа, а од страна на проектот покровител, ќе биде претставен предлогот за подготовка на кохерентна стратегија за контрола на оваа болест.

И африканската свинска чума ќе биде во фокусот на интересот на учесниците на форумот на кој ќе се дебатира и за креирање на регионална кампања за оваа болест, за која ќе биде презентирана епидемиолошката состојба во Европа и Западен Балкан. Дефинирани ќе бидат и идните полиња и приоритети за регионална соработка и комуникација, со цел преземање координирани мерки за превенција, заштита и искоренување на болестите кај животните.

Разменети ќе бидат и искуства од работењето на надлежните ветеринарни служби од регионот, а избран ќе биде и новиот копретседавач за наредните шест месеци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахв
Претходен напис Закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост по пат на електронско јавно наддавање
Следен напис Пад на цените на нафтата на светските берзи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?