Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Jагнешкото месо поради високите цени сè помалку достапно за граѓаните на Кичево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Jагнешкото месо поради високите цени сè помалку достапно за граѓаните на Кичево
Агровести

Jагнешкото месо поради високите цени сè помалку достапно за граѓаните на Кичево

Објавено 19/04/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради зголемените откупни цени на јагнето и сè помалата понуда, продажните цени на јагнешкото месо во Кичево последниве неколку дена драстично пораснаа и се движат од 450 до 500 денари за килограм.

– Годинава цената на јагнешкото месо е многу повисока споредено со претходните десетина години, кога се движеше од 300-350 денари за килограм. Пред велигденските празници продажната цена е 450 до 500 денари. Причина за поскапувањето се повисоката откупна цена на јагнето која се искачи на 200 и повеќе денари за килограм жива мера, а поради зголемениот извоз, за домашниот пазар останаа помали количества што дополнително го генерира порастот на цените – велат за МИА вработените во месарница во Кичево.

Никаде во градот не може да се најде јагнешко месо под 450 денари за килограм. Од друга месарница посочуваат дека не е исклучена можноста пред празникот, еден килограм јагнешко месо да достигне 600 денари.

– Ако не можеме да си дозволиме пред Велигден да купиме цело јагне, тогаш ќе се помириме со помала количина, а тоа значи или половина јагне или само еден бут, за да не ја прескокнеме оваа традиција која трае со генерации – вели Перо Трајаноски, граѓанин од Кичево.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Jагнешкото месоКичево
Претходен напис Бабовски: АХВ ќе потпише меморандум за соработка со Канцеларијата за ветеринарство на БиХ
Следен напис Распишан наменскиот оглас за доделување земјиште за одгледување стратешки култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?