Јајцата се нискокалорични и богати со протеини и здрави масти. Бојата на лушпата и големината ни кажуваат повеќе за расата на несилката, начинот на хранење и условите за сместување. Ви пренесуваме десет интересни факти за оваа храна богата со хранливи материи без која Велигден е незамислив.
-На површината на лушпата од јајцето може да има дури 17.000 пори.
-Кога жолчката е интензивно жолта, тоа покажува дека кокошката имала многу зелена храна во исхраната, јасно жолта боја е карактеристика на исхрана богата со пченка. Бледата жолчка од јајце доаѓа од животни чија храна се базира на пченица и јачмен. Бојата на лушпата и жолчката не влијаат на квалитетот на јајцето.

-Расите на кокошки кои носат кафени јајца бараат повеќе храна и затоа се поскапи.
-Јајцата содржат две третини од препорачаната дневна количина на холестерол. Лутеинот од јајцата ја спречува мускулната дегенерација и појавата на катаракта, а холинот ја поттикнува нормалната активност на клетките. Жолчката содржи витамин Д.
-Потребни се 24 до 26 часа за да се формира јајцето и кокошката да го снесе. Во текот на годината, расата на кокошки несилки несе од 300 до 325 јајца. Како што стареат, нивните јајца стануваат поголеми, но нивната носивост се намалува.
-Забележано е дека најголемото јајце на светот го снела кокошка по име Хариет во 2010 година во Велика Британија, а биле измерени неверојатни 23 сантиметри во дијаметар.

-Јајцата се производ кој брзо се расипува. Еден ден на собна температура е еквивалентен на седум дена во фрижидер. За да се утврди дали е свежо, потребно е да се стави во чаша вода. Свежо ќе потоне до дното. Седумдневните малку се креваат од дното, но нивниот врв останува во контакт со дното. Јајцата стари три недели лебдат во средината на чашата одвоени од дното, но не излегуваат од водата. Старте јајца кои повеќе не е за консумирање, пловат на површината на водата.
-Додеки „ги лежи“ јајцата, кокошката ги врти 50-ина пати во текот на денот за да не се залепи жолчката за внатрешниот ѕид на лушпата.
-Најчесто консумираме кокошкини јајца, бидејќи несат повеќе и не се заштитнички расположени како другата живина. Јајцата од патки содржат повеќе масти и затоа се повкусни.
-За да разликувате недоварено јајце од тврдо варено, едноставно превртете го на тврда површина на кујната. Тврдо варените полесно се вртат за разлика од недоварените.
