Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Струмица: Нема да дозволиме да се манипулира со откупот на пролетна зелка, инспекциите се на терен, никој не е привилегиран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Струмица: Нема да дозволиме да се манипулира со откупот на пролетна зелка, инспекциите се на терен, никој не е привилегиран
Агровести

Николовски од Струмица: Нема да дозволиме да се манипулира со откупот на пролетна зелка, инспекциите се на терен, никој не е привилегиран

Објавено 17/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорите на Платежната агенција и Државниот инспекторат за земјоделство, Никица Бачовски и Зоран Шапуриќ, како и со претставници од министерството, денеска во Струмица имаа средба со производителите на пролетна зелка. На средбата се разговараше за состојбата со откупот и пласманот на пролетната зелка.

Министерот Николовски посочи дека Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен и нема да се дозволат манипулации со откупот.

„Денеска имавме конструктивен состанок на којшто земјоделците алармираа околу одредени недоследности коишто ги има на терен во однос на откупот на пролетна зелка. Заеднички дискутиравме за сите решенија и за непречен откуп и пласман на пролетната зелка. На состанокот формиравме потесна работна група во која ќе бидат претставници од министерството, подрачните единици, од  Државниот инспекторат за земјоделство, Платежната агенција и производители на пролетна зелка. Ја следиме состојбата, инспекторите се постојно на терен, и доколку бидат утврдени манипулации од страна на трговците, ќе има санкции. Никој нема да биде привилегиран, сите мора да ги почитуваат законите. Нас ни е важно земјоделците да бидат заштитени од државата, и тоа е наша обврска. Затоа, заеднички со производителите на зелка, ќе ги следиме состојбите и ќе носиме соодветни мерки и политики во следниот период“, рече министерот Николовски.

Местото на земјоделците не е на улица, туку во нивите остварувајќи поголемо домашно производство. Ова е заедничкиот заклучок од денешната средба помеѓу министерот Николовски и производителите на пролетна зелка.

“Како министерство остануваме фокусирани на зголемување на домашното производство, преку мерки кои ги носиме со Националниот план за производство на храна. Земјоделците во министерството имаат гарант дека загуби во производството нема да има, дека производството ќе биде добро и навремено платена,“ изјави министерот Николовски.

На средбата, министерот Николовски информираше дека министерството и дипломатско – конзуларните претставништва се мобилизирани, постојано се комуницира со земјите од регионот, со цел да има да има непречен извоз на пролетната зелка.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зелказемјоделцимзшвпласманоткупсубвенции
Претходен напис Со навремени мерки обезбедуваме зголемено домашно производство на храна
Следен напис Времето денеска облачно и студено со дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?