Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Хидросистемите се подготвени и ги ставаме во функција, предвремено ја започнуваме сезоната за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Николовски: Хидросистемите се подготвени и ги ставаме во функција, предвремено ја започнуваме сезоната за наводнување
Шумарство и водостопанство

Николовски: Хидросистемите се подготвени и ги ставаме во функција, предвремено ја започнуваме сезоната за наводнување

Објавено 16/04/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска заедно со директорот на АД Водостопанство Локман Љимани, извршија увид во работата на хидросистемот Брегалница, од каде го најавија предвременото започнување со работа на системите за наводнување на целата територија во државата.

Важен дел во производството на земјоделските производи е наводнувањето на обработливите површини истакна министерот Николовски.

“Системите за наводнување на целата територија на нашата држава се исчистени и оспособени за работа, со што можам да најавам дека сезоната за наводнување предвремено и навремено ја започнуваме. Преку пуштање на водата во системите Тиквеш, Стрежево и Брегалница, како и останатите хидро мелиоративни системи обезбедуваме доволно количество вода за наводнување на стратешките култури како што е пченицата и пченката,“ изјави министерот Николовски.

Министерот говореше и за капиталните проекти кои министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги раководи преку во ИПА фондовите на Европската Унија.

“Министерството, со средства од Европската Унија инвестира во нови системи за наводнување. Пред неполни две недели започнавме со инвестиции во нов систем за наводнување во селото Конопница. Покрај овој систем за наводнување веќе е започната и изградбата на нови системи за наводнување во Пишица и Теарце, а вкупната инвестиција на овие три капитални проекти изнесува 2,3 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите на Европската Унија. Во финална фаза е системот Славишко Поле, а веќе завршен е хидросистемот Чаушица. Вредноста на овие два капитални системи за наводнување е 2,5 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите на Европската Унија. Дополнително од ИПА фондовите одобрени се уште два капитални проекти, изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци со вредност од 3,5 милиони евра,“ изјави министерот Николовски.

Со буџетски средства активно се работи на довршување на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари. Исто така непречено се одвиваат работите на реализација на капиталниот проект Равен Речица кој е во вредност од приближно 1 милијарда денари. Минатата година ја завршивме втората фаза од хидросистемот Јужна вардарска долина 2 во вкупна вредност од 24 милиони евра, со што е обезбедено наводнување на површини од околу 2.000 хектари во валандовско. Со средства германската развојна банка KfW интензивно работиме и на третата фаза од проектот Јужна вардарска долина 3, како и на хидросистемот Лисиче кој ќе опфати наводнување на 3700 хектари земјоделско земјиште во општините Чашка и Велес.

Дополнително министерството преку програмата за водостопанство активно дава поддршка на АД Водостопанство преку обезбедување на повеќе од 60 милиони денари, средства кои треба да се искористат за набавка на механизација и опрема за одржување и непречено работење на основните водостопански објекти. Дел од овие средства се наменети и за рехабилитација и модернизација на пумпната станица Марена во Кавадарци. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку владините политики во услови на криза, својот фокус го става кон зголемување и заштита на домашното производство на земјоделски производи. Во таа насока е и подготвениот Национален план за производство на храна каде покрај предвременото пуштање на системите за наводнување се подготви и пакет на мерки преку Интервентниот фонд во вредност од 400 милиони денари. 

“Со овие мерки земјоделците добиваат до 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сончоглед и јачмен. Преку мерките ги мотивираме земјоделците со дополнителни средства во износ од околу 100 евра по хектар да го зголемат приносот обезбедувајќи доволни количини на домашни земјоделски производи“, изјави министерот Николовски.

Преку овие инвестиции, како министерство, овозможуваме поголем принос на земјоделските култури, овозможуваме достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување, помали трошоци за работа и поголема конкурентност на домашниот и меѓународен пазар на земјоделските производи.

Може да ви се допадне

Наводнување на овошките според фазите на развој
Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Започна проектот „Подобрување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хоџа: Градиме функционални системи за наводнување на земјоделското земјиште
Таг:БрегалницаминистерствонаводнувањеНиколовскиуправа водостопанство
Претходен напис Демир Капија доби пари за обесштетување на земјоделците кои лани претрпеа штети од ниските температури
Следен напис Николовски: Оризот не е во мерките од интервентниот фонд за набавка на ѓубриво, но очекуваме да влезе во стоковите резерви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?