Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сезона на лалиња: Како омилениот пролетен цвет подолго да ја одржи свежината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сезона на лалиња: Како омилениот пролетен цвет подолго да ја одржи свежината
Магазин

Сезона на лалиња: Како омилениот пролетен цвет подолго да ја одржи свежината

Објавено 25/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шарените лалиња со нежен и елегантен изглед отсекогаш биле синоним за пролет и се одлична декорација која се вклопува во речиси секој ентериер.

Додека црвените лалиња симболизираат љубов, а жолтата симболизира пријателство, виолетовите лалиња се симбол на верност, белите симбол на простување, а розевите симбол на невиност и чистота.

Бидејќи лалињата се нежни и лесно венеат, со овие пет совети ќе останат свежи и убави во вашата вазна со денови.

„Затворените“ лалиња, сигурни ќе траат подолго, а доколку сакате да ги чувате затворени што подолго, ставете неколку коцки мраз во вазната со вода.

Доволно вода

Лалињата се жедни цвеќиња и важно е да се снабдени со доволно вода за да издржат што подолго. Додадете ладна вода во вазната и наполнете ја до 3/4. Водата менувајте ја барем секој втор ден бидејќи може да стане малку лигава и да се наполни со бактерии, па редовните промени на водата ќе ги одржат здрави и ќе им го продолжат животот на цветовите. Исто така, ако вазната изгледа малку валкана кога ќе истече водата, задолжително измијте ја пред да ја замените водата.

Сечење на лалињата

Пред да ги ставите лалињата во вазна, ставете ги стеблата од надворешната страна на вазната за да може да одредите колку треба да бидат високи. Исечете ги стеблата на тоа место под агол од 45 степени со остар нож. Кога ја менувате водата секој втор ден, можете дополнително да ги исечете стеблата. Сечењето под агол од 45 степени овозможува цветот полесно да ја апсорбира свежата вода. Исто така, отстранете ги сите лисја што се под линијата на вода, бидејќи листовите кои се под нивото на водата имаат тенденција да се распаѓаат прилично брзо.

Сместување и осветлување

Грижата за лалињата значи да знаете каде да ги ставите за да издржат што подолго во вазна. Затоа избегнувајте да ставате вазна со лалиња директно на сонце или во близина на топлина. Лалињата ќе растат кон сончевата светлина и може малку да се свиткаат. Тие можат да напредуваат на индиректна сончева светлина, а најдобро е да ги ставите на место каде што нема провев, а не до грејни тела, радијатори, клима уреди, прозорци или шпорети.

Избор на вазна

Кога избирате вазна за вашите лалиња, изберете висока. Земете вазна која е барем половина од висината на стебленцето на цветот. Внимавајте добро да ја измиете вазната пред употреба за да ги отстраните бактериите пред да ги ставите лалињата во неа. Чистата вазна е многу важна за лалињата да траат подолго.

Може да ви се допадне

Бомбици од сирење
Ликер од зелени ореви
Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Шарени ражничи
Чорба од црвен грав
Таг:лале
Претходен напис Се подготвува новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година
Следен напис Утре во село Петровец ќе се спроведе симулациска вежба за болеста лигавка и шап
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?