Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голем пад на извозот на пченка и сончогледово масло од Украина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голем пад на извозот на пченка и сончогледово масло од Украина
Агровести

Голем пад на извозот на пченка и сончогледово масло од Украина

Објавено 14/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Украинскиот извоз на пченка би можел да падне за речиси една четвртина во сезоната 2021/2022 поради руската инвазија, а уште поголем пад може да има извозот на сончогледово масло, изјави заменик-министерот за земјоделство Роман Русаков на конференција во Прага. Според него, извозот на пченка би можел да падне за 24 отсто на 17 милиони тони во тековната земјоделска сезона, која завршува во јуни.

– Извозот на сончогледово масло може да падне за една третина, на 3,4 милиони тони – додаде Русаков.

Украина е најголемиот производител и извозник на сончогледово масло во светот. Пред војната, производителите го проценија извозот за сезоната 2021/2022 на 6,6 милиони тони.

Специјализираната украинска консултантска компанија АПК-Информа минатата сабота објасни дека извозните цени на украинската пченка паднале поради ограничената побарувачка и големите залихи кои од почетокот на руската инвазија може да се извезуваат само со железница, преку границата со Полска. Украина е еден од водечките добавувачи на жито во светот, а најголемиот дел од земјоделските суровини ги испорачува преку пристаништата на Црното Море. Бидејќи областа сега е место на конфликт, трговците се обидуваат да транспортираат што повеќе жито со железница. Украинските власти соопштија дека залихите на пченка изнесувале околу 13 милиони тони кон крајот на март, додавајќи дека минатиот месец биле извезени само 300.000 тони жито.

Расте цената на пченката на светските берзи: Дали се заканува недостиг?

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:маслопченка
Претходен напис Наводнувајте ги растенијата со овој раствор – Раскошно ќе цветаат и никогаш нема да ви овенат
Следен напис Јагнешкото за велигденските празници се очекува да надмине 200 денари за килограм жива мера
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?