Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пазарно истражување – дегустација на јагнешко месо од автохтоната раса овци „Праменка Овчеполка“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пазарно истражување – дегустација на јагнешко месо од автохтоната раса овци „Праменка Овчеполка“
Агровести

Пазарно истражување – дегустација на јагнешко месо од автохтоната раса овци „Праменка Овчеполка“

Објавено 14/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението на одгледувачи на домашната автохтона раса овци „Праменка овчеполка“ во соработка со земјоделскaта задруга „Еко Овчеполка“ денеска во Градскиот трговски центар во Скопје организира дегустација на јагнешко месо од автохтоната раса овци „Праменка Овчеполка“.

Целта на дегустацијата е пазарно истражување кое треба да ја покаже оценката на потрошувачите за вкусот и квалитетот на месото. Како што велат од Здружението „Праменка овчеполка“, придобивките ќе бидат зачувување на агроеколошките карактеристики, одржување на природната средина, органско производство, традиционално одгледување и заштитени ознаки на јагнешкото месо, традиционалното овчо сирење и традиционалниот овчи кашкавал, зголемен приход на одгледувачите на „Праменка Овчеполка“ преку однапред определени целни пазари, зголемен интерес за одгледување на расата, стандардизиран и безбеден производ, подобрување на имиџот на традиционалното производство на јагнешко месо и промоција на македонски бренд „македонско јагнешко од ‘Праменка Овчеполка’“ како предуслов за развој на руралниот туризам и на македонските села.

По повод дегустацијата и реализацијата на истражувањето, најавени се обраќања на државниот советник во Министерството за земјоделство Трајан Димковски, на претседателот на Здружението „Праменка овчеполка“ Моме Младеновски, на Никола Георгиев од Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, на Сузана Димитриевска од Македонската асоцијација на земјоделски задруги, на Драган Перич од CARE – Германија и на Златко Самарџиев од Глобалниот еколошки фонд .

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Таг:праменка овчеполка
Претходен напис Времето денеска сончево и топло, со температури до 23 степени
Следен напис Oвие растителни видови никогаш не ги садете заедно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?